Западен Кавказ
Западен Кавказ — западниот дел на Кавказот во јужна Русија, од Црното Море до планината Елбрус.
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Место | Краснодарски крај, Русија |
Критериум | природно: (ix), (x) |
Навод | 900 |
Запис | 1999 (XXIII заседание) |
Површина | 2.989 км2 |
Координати | 44°N 40°E / 44° СГШ; 40° ИГД |
Светско наследство
уредиПодрачјето кое го опфаќа крајниот западен раб на Кавкаските Планини е прогласено за светско наследство на УНЕСКО. Ова се пределите 50 км на север од градот Сочи и важи за единствената поголема планина во Европа поштедена од значајно човечко влијание. Нејзините живеалишта се исклучително разновидни во однос на малата површина, опфаќајќи од низини до ледници.
Биосферен резерват
уредиВо Западниот Кавказ се наоѓа и Кавкаскиот државен природен биосферен резерват[1]) заштитен од државата во 1924 г. Опфаќа подрачја од Краснодарскиот крај и републиките Адигеја и Карачаево-Черкесија. Создадена е со цел да се заштитат огромните примероци на кавкаската ела (Abies nordmanniana) високи по 85 м кои се сметаат за највисоките дрва во Европа. Тука се врбојуваат и извонредните шуми од тиса (Taxus baccata) и зеленика (Buxus sempervirens) околу Сочи.
Околу една третина од високогорски растенија на Западниот Кавказ се ендемски. На подрачјето е сместен и Националниот парк Сочи.
Западниот Кавказ бил живеалиште на кавкаскиот бизон сè до отстрелот на последната единка 1927 г. од ловокрадци. По неколку децении бизонот е повратен во областа, делумно вкрстен со американскиот бизон.
Востановување на персискиот леопард
уредиВо 2009 г. во Националниот парк Сочи е создаден центар за повраток на персискиот леопард со единки донесени од Туркменистан и Иран.[2][3][4]
Во 2012 г. во паркот се доведени два леопарда од зоолошката градина во Лисабон. Следната година двојката добила млади, кои потоа се пуштени во дивината. [5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Кавкаски биосферен резерват — профил на УНЕСКО (англиски)
- ↑ WWF (2009) Flying Turkmen leopards to bring species back to Caucasus. WWF, 23 September 2009
- ↑ Sochi.Live (2010) Sochi welcomes leopards from Iran Архивирано на 1 март 2014 г.. Organizing Committee of the XXII Olympic Winter Games and XI Paralympic Winter Games of 2014 in Sochi, 4 May 2010
- ↑ Druzhinin, A. (2010). Iranian leopards make themselves at home in Russia's Sochi. RIA Novosti, 6 мај 2010 г.
- ↑ „First Persian leopard cubs in 50 years born in Russian breeding center“. United Press International. July 19, 2013. Посетено на July 21, 2013.
Надворешни врски
уреди„Западен Кавказ“ на Ризницата ? |
- Светско наследство: Западен кавказ — УНЕСКО (англиски)
- Западен Кавказ — Фонд за заштита на природното наследство (англиски)
- Кавкаски резерват (руски)