8 декември (настани)
шаблон на Викимедија
883 | Свети Климент Охридски, родоначалник на словенската литература и црковно беседништво, прв оригнален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, заштитник на Охрид е назначен за прв словенски епископ на Балканот. |
1914 | Германските воени бродови по враќањето од Тихиот Океан требаше, според планот на адмирал Шпе, да ја уништи англиската база на Фокландските Острови. Кога Англичаните отворија оган Шпе сфати дека наишол на многу голем отпор од очекуваниот. Во оваа поморска битка Германците претрпеа големи загуби во бродови и во луѓе. |
1925 | По неуспешниот пуч на нацистите во Минхен во 1923 година, нивниот водач Адолф Хитлер ја објави книгата „Мојата борба“, во која ја разработува националистичката фашистичко - расистичка идеологија на агресивниот германски национализам. |
1948 | Во Лерин три жени Македонки од селото Екши - Су, Леринско беа обвинети за соработка со НОФ и со партизаните, за што беа осудени на смрт и стрелани. |
1949 | Во околината на градот Панаѓуриште (Бугарија) е пронајдено познатото Панаѓуришко богатство од златни предмети од стара Тракија (IV-III век п.н.е.). |
1991 | Во Токио, „Црвена ѕвезда“ го освоила Интерконтиненталниот куп, победувајќи го во финалето тимот на „Коло Коло“ со 3:0. |
1994 | Белгискиот министер за одбрана Лео Делкроа поднесе оставка поради обвинувањето околу финансирањето на една куќа што ја купил во јужниот дел на Франција. |
1997 | Двете најголеми швајцарски банки соопштиле дека се интегрираат, со што се основала во тоа време најголемата банка на светот со вкупна актива од еден билиони (1012) долари. |