Панаѓуришко богатство

Панаѓуришкото златно богатство (бугарски: панагюрско златно съкровище) е антички тракиски златен сервис за пиење кој се состои од девет златни садови со вкупна тежина од околу 6 кг. Откриено е на 8 декември 1949 година во околината на градот Панаѓуриште, Бугарија. Му припаѓало на непознат владетел на племето Одриси од крајот на ІV и почетокот на ІІІ век п.н.е.

Панаѓуришкото златно богатство

Сервисот вклучува фијала со пречник од 25 см, една амфора со облик на кентаур, три ритона со женски глави (на амазонки), три ритона со животински глави и еден, обликуван како преден дел од телото на козел. Ритоните се украсени со релјефни ликови на митолошки сцени со познати јунафци од старогрчката митологија.

Панаѓуришкото богатство е дел од збирката на Археолошкиот музеј во Пловдив.

Надворешни врски

уреди