7 (скопска автобуска линија)

7 е редовна автобуска линија на ЈСП Скопје која вози од Горно Лисиче - Хемтекс до Карпош 3 и обратно.

Линија 7
Преглед
ПревозникЈСП Скопје
Тип на линијаградска линија
ВозилаЈутонг
Состојбасообраќа
Воведена2010 (продолжена рута)
Бр. на постојки25 (кон Карпош 3)
26 (кон Горно Лисиче)
Траса
ГрадСкопје
ПочетокГорно Лисиче, Карпош III
КрајКарпош III, Горно Лисиче
Времетраење на кругот80 мин.
Сообраќање
Честота10-15 мин.
Честота (викенди)20-30 мин.
Дневни часови05:00 - 24:00 ч.
Ноќни часови0:15 - 04:25 ч.
Билет35 ден.
Возен ред и податоци
Возен ред на линијата 7 со календар

Линија

уреди

Линијата број 7 започнува од станицата Хемтекс, односно по улицата Лисец. Потоа се приклучува на улицата Горно Лисиче. Вози по улицата Мите Богоевски и се приклучува на булеварот 12-та Македонска бригада во населбата Лисиче. После три автобуски станици (стојалишта) од тој булевар, 7ка вози по булеварот 3та Македонска бригада, сè до исклучувањето на улицата Беласица. Од таа улица се пренасочува на Кузман Јосифовски - Питу и врти лево за да се приклучи на булеварот Кочо Рацин. Потоа линијата оди десно со што вози по улицата 11 Октомври, улица која понатаму продолжува како Димитрија Чуповски односно пат во средишното градско подрачје. Од Димитрија Чуповски, врти десно по булеварот ВМРО или по булеварот Свети Климент Охридски за да се приклучи на булеварот Партизански Одреди. На тој булевар минува низ шест автобуски постојки и се исклучува на улицата МАНАПО, каде се наоѓа крајна станица на линијата 7. Оттука, како почетна станица од Карпош 3, линијата вози по МАПАПО и вртејќи десно се приклучува на булеварот Илинден. Од Илинден, линијата врти десно по улицата Бледски договор (улицата покрај 8-ми Септември). Оттаму линијата повторно вози по Партизански одреди назад до Горно Лисиче по веќе спомената рута.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди