Македонски денар

(Пренасочено од Ден.)

Денар (кратенка: ден., ISO 4217: MKD, бројчен код: 807) — официјална валута во Македонија. Народната банка на Македонија (НБРМ) има ексклузивно право на печатење и издавање на монети и банкноти во Република Македонија. Денарот бил воведен на 26 април 1992 година.[1][2]

Македонски денар
Монета од 2 денариБанкнота од 1000 денари
ISO 4217
КодMKD
Составници
Множинаденари
Симболден
Банкноти10, 50, 100, 200, 500, 1000, 2000 денари
Монети1, 2, 5, 10, 50 денари
Демографија
Корисник/циМакедонија Македонија
Издавач
Централна банкаНародна банка на Република Македонија
 Мреж. местоwww.nbrm.mk
Вредност
Инфлација3,2% (2021)
 ИзворГодишен извештај на НБРМ (стр. 23)

Денес, во Република Македонија во оптек се метални монети со деноминации од 1, 2, 5, 10 и 50 денари, како и хартиени банкноти со деноминации од 10, 50, 100, 200, 500, 1000 и 2000 денари. Банкнотите од 10 и 50 денари кои се влезени во оптек 1996 година се заменети со нови, полимерни банкноти, а истите се повлечени од оптек. Банкнотата од 5000 денари исто така е повлечена од оптек.

Потекло на поимот

уреди

Името „денар“ потекнува од староримската монетарна единица „денариј“ и претставува израз на историскиот континуитет на употребата на парите на територијата на Македонија од римската антика до средновековниот периоди. Предлогот за името бил даден од страна на академик Петар Илиевски. Пре тходно, на состаноците на Комисијата за монетарен систем биле разгледувани неколку предлози за името на македонската валута, како: „македонски динар“ или „лав“.[3]

Историја

уреди

Монетарно осамостојување

уреди

Република Македонија монетарно се осамостоила на 26 април 1992 година (Велигден), кога Собранието на Република Македонија донело пакет-закони со кои се поставила институционалната рамка на монетарниот систем и се вовел денарот како парична единица на Република Македонија. Денарот се делел на 100 дени, а неговиот скратен назив во платниот промет е „ден.“. Првиот премиер на Република Македонија Никола Кљусев од собраниската говорница ги презентирал првите македонски пари - денари - со зборовите:

„Република Македонија воведува сопствена парична единица што ќе го носи името денар и еве задоволство ми е да видите како тие парични единици се печатени“.

На 27 април 1992 година започнала замената на книжните југословенски динари со вредносни бонови во однос 1:1, при што замената траела три дена. Книжните пари што гласеле на југословенски динари дефинитивно престанале да важат како платежно средство во Република Македонија на 29 април 1992, додека кованите пари со апоенска вредност од 1, 2 и од 5 југословенски динари останале во оптек уште една година.

Развиток на деноминациите

уреди

Во 1993 година, новиот денар бил издаден со деноминации од 10, 20, 50, 100 и 500 денари, а апоенот од 20 денари бил издаден само во првата серија на банкноти. Сите апоени биле издадени како банкноти, додека во првата серија не биле ковани монети.

Во мај 1993, во втората серија биле воведени и монети со деноминации од 50 дени, 1, 2 и 5 денари.

Во 1996 година биле воведени апоените од 1000 и 5000 денари.

Почнувајќи од 1996 година, НБРМ издава јубилејни монети за колекционерски цели.

Во ноември 2008 година биле воведени монети со апоени од 10 и 50 денари.

Во 2013 година, монетата со апоен од 50 дени била повлечена поради тоа што истата била кована само во 1993 година и практично била тешко забележлива во оптек.

Во 2016 година биле воведени апоените од 200 и 2000 денари. НБРМ исто така започнала со повлекување од оптек на апоенот од 5000 денари како поселдица на неговата незначителна примена во секојдневните трансакции и намалената побарувачка од страна на банките. Најавено било дека деловните банки ќе ги заменуваат банкнотите со апоенска вредност од 5000 денари од 15 декември 2016 до 28 февруари 2017 година, а од 1 март 2017 година нивната земена ќе се вршела од страна на НБРМ.[4]

На 15 мај 2018 година, НБРМ ги воведе новите полимерни банкноти од 10 и 50 денари, со што Македонија влезе во мапата на замји кои започнале со полемеризација на банкнотите на нивните валути. Почнувајќи од истиот ден старите банкноти од 10 и 50 денари, кои првпат биле издадени во 1996 година, се повлечени од оптег[5]

Производство

уреди

Банкноти

уреди

Банкнотите со помала деноминација, 10, 50 и 100 денари се печатени во Република Македонија, додека банкнотите со деноминации од 500, 1000 и 5000 денари (издание 1996), се печатени во „Thomas De La Rue“ во Лондон. Последното издание на банкноти од 500 и 1000 денари од 2003 година е исто така изработено во TDLR. Македонските банкноти содржат повеќе заштитни елементи како што се воден печат, заштитен конец, инталјио печат, скриена слика, микро текст, двоен пасер и оптички променлива боја.[6]

Монети

уреди

Монетите се ковани од легура CuNi3Zn17 (CuZn15 за 50 дени) во ковницата „Сувенир“ во Самоков. Автори на ликовното и техничкото решение не монетите се Димче Бошкоски и Снежана Атанасова, вработени во ковачницата.[7]

Пари

уреди

Монети

уреди
Серија од 1993 год.
Слика

(лице и опачина)

Вредност
Боја
Одлики Опис

(лице и опачина)

 
50 дени
жолто-златеста
Диjам. 21,5 мм; Теж. 4,10 г, Метал: CuZn15; Ковница: Сувенир, Самоков; повлечени во 2013 год. Ав. 50 ДЕНИ во долното централно поле Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 1993 во долното централно поле. Претстава на галеб во лет.
 
1 денар
жолто-златеста
Диjам. 23,8 мм; Теж. 5,10 г, Метал: CuNi3Zn17; Ковница: Сувенир, Самоков Ав. 1 ДЕНАР во долното централно поле Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 1993 (1997, 2001) во долното централно поле. Претстава на шарпланинец.
 
2 денари
жолто-златеста
Диjам. 25,5 мм; Теж. 6,20 г, Метал: CuNi3Zn17, Ковница: Сувенир, Самоков, Ав. 2 ДЕНАРИ во долното централно поле Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 1993 (2001) во долното централно поле. Претстава на охридска пастрмка.
 
5 денари
жолто-златеста
Диjам. 27,5 мм; Теж. 7,20 г, Метал: CuNi3Zn17, Ковница: Сувенир, Самоков Ав. 5 ДЕНАРИ во долното централно поле, Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 1993 (2001) во долното централно поле. Претстава на евроазиски рис.
Серија од 2020 год.
Слика

(лице и опачина)

Вредност
Боја
Одлики Опис

(лице и опачина)

Врска до датотека: [1] 1 денар
жолто-златеста
Диjам. 23,8 мм; Теж. 5,10 г, Метал: CuNi3Zn17; Ковница: Сувенир, Самоков Ав. 1 ДЕНАР во долното централно поле Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 1993 (1997, 2001) во долното централно поле. Претстава на шарпланинец.

Банкноти

уреди
Серија од 1992 год.
Лице Опачина Вредност
Боја
Опис

(лице)

Опис

(опачина)

Податотека:Банкнота 10 денари напред (1992 год.).png
Податотека:Банкнота 10 денари назад (1992 год.).png
10 денари
сина
Жени кои собираат тутун Споменик Македониум
Податотека:Банкнота 25 денари напред (1992 год.).png
Податотека:Банкнота 25 денари назад (1992 год.).png
25 денари
црвена
Податотека:Банкнота 50 денари напред (1992 год.).png
Податотека:Банкнота 50 денари назад (1992 год.).png
50 денари
кафеава
Податотека:Банкнота 100 денари напред (1992 год.).png
Податотека:Банкнота 100 денари назад (1992 год.).png
100 денари
темносина
Податотека:Банкнота 500 денари напред (1992 год.).png
Податотека:Банкнота 500 денари назад (1992 год.).png
500 денари
зелена
Податотека:Банкнота 1000 денари напред (1992 год.).png
Податотека:Банкнота 1000 денари назад (1992 год.).png
1000 денари
темносина
Податотека:Банкнота 5000 денари назад (1992 год.).png
Податотека:Банкнота 5000 денари назад (1992 год.) (ПС- датотеката со исто име е слика од предната страна; грешка во пишувањето)).png
5000 денари
црвена-кафеава
Споменик Македониум Девојка пред компјутер
Податотека:Банкнота 10000 денари напред (1992 год.).png
Податотека:Банкнота 10000 денари назад (1992 год.).png
10000 денари
црвена-кафеава
Поглед кон Света Софија, Охрид Играорци и споменик Македониум
Серија од 1993 год.
Лице Опачина Вредност
Боја
Опис

(лице)

Опис

(опачина)

Податотека:Банкнота 10 денари напред (1993 год.).png
Податотека:Банкнота 10 денари назад (1993 год.).png
10 денари
сина
Споменик Македониум Поглед на Крушево
Податотека:Банкнота 20 денари напред (1993 год.).png
Податотека:Банкнота 20 денари назад (1993 год.).png
20 денари
кафеава-темноцрвена
Даут Пашин Амам, Скопје Даут Пашин Амам во Скопје

Саат кула, Скопје

Податотека:Банкнота 50 денари напред (1993 год.).png
Податотека:Банкнота 50 денари назад (1993 год.).png
50 денари
црвена
Свети Пантелејмон, Скопје Поглед кон зградата на Народната Банка
Банкнота 100 денари 1993 год. (ПС: Грешка во пишувањето: Ова е предната страна на банкнотата од 100 денари, не задната!)
Банкнота 100 денари 1993 год. (ПС: Грешка во пишувањето: Ова е предната страна на банкнотата од 100 денари, не задната!)
Банкнота 100 денари 1993 год. (ПС: Грешка во пишувањето: Ова е задната страна на банкнотата од 100 денари, не предната!)
Банкнота 100 денари 1993 год. (ПС: Грешка во пишувањето: Ова е задната страна на банкнотата од 100 денари, не предната!)
100 денари
кафеава
Света Софија, Охрид Народен музеј, Охрид
Банкнота 500 денари 1993 год. (ПС: Грешка во пишувањето: Ова е предната страна на банкнотата од 500 денари, не задната!)
Банкнота 500 денари 1993 год. (ПС: Грешка во пишувањето: Ова е предната страна на банкнотата од 500 денари, не задната!)
Банкнота 500 денари 1993 год. (ПС: Грешка во пишувањето: Ова е задната страна на банкнотата од 500 денари, не предната!)
Банкнота 500 денари 1993 год. (ПС: Грешка во пишувањето: Ова е задната страна на банкнотата од 500 денари, не предната!)
500 денари
кафеава-темнозелена
Свети Јован-Канео, Охрид Самуилова тврдина, Охрид
Серија од 1996 год.
Лице Опачина Вредност
Боја
Опис

(лице)

Опис

(опачина)

 
 
10 денари
виолетова
Торзо на египетската божица Изида (II век пр. н.е.), Охрид; златна обетка (IV век пр. н.е), с. Беранци, Битолско. Паун, детаљ од подниот мозаик во крстилницата на Епископската базилика (IV-V век), Стоби.
 
 
50 денари
сина
Во средина на декоративната штуко арка од црквата Св. Пантелејмон, претстава на фолис емитуван од византискиот цар Јустин II. Архангел Гаврил од сцената „Благовестие“, фреска на источниот ѕид на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново
 
 
100 денари
виолетова-кафеава
Таванска розета Поглед од албанска куќа
 
 
500 денари
црвена-кафеава
Златна погребна маска, с. Требеништа, охридско (VI век пр.н.е.); на десната страна златни обетки со лавовски глави, охридско (III-II век пр. н.е). Цвет на афион
 
 
1000 денари
кафеава
Богородица Епискепсис, икона од црквата Мали Св. Врачи, Охрид, почеток на XIV век; на левата страна златна обетка со гулабица (III-II век пр.н.е.), Требенишко кале, Охридско. Детаљ од фасадата на Григориевата галерија (XIV век), црква Св. Софија, Охрид
 
 
5000 денари
црвена-кафеава
Бронзена фигура на Менада (VI век пр.н.е), Тетово; на левата страна бронзена евхаристична гулабица (XIII век), охридско. Кербер врзан за смоква, детаљ од подниот мозаик во нартексот на Големата базилика во Хераклеја Врскаестис (V-VI век), Битола.
Серија од 2003 год.
Лице Опачина Вредност
Боја
Опис

(лице)

Опис

(опачина)

 
 
500 денари
црвена-кафеава
Златна погребна маска, с. Требеништа, охридско (VI век пр.н.е.); на десната страна златни обетки со лавовски глави, охридско (III-II век пр. н.е). Цвет на афион
 
 
1000 денари
кафеава
Богородица Епискепсис, икона од црквата Мали Св. Врачи, Охрид, почеток на XIV век; на левата страна златна обетка со гулабица (III-II век пр.н.е.), Требенишко кале, охридско. Детаљ од фасадата на Григориевата галерија (XIV век), црква Св. Софија, Охрид
Серија од 2014 год. (издадена 2016 год.)
Лице Опачина Вредност
Боја
Опис

(лице)

Опис

(опачина)

 
 
200 денари
зелена-кафеава
Рана средновековна бронзена фибула (пронајдена близу Прилеп); Релјеф на Псалмот 41 од Стариот завет (теракотна икона од Виница) Уметнички елементи од фасадата на Шарената џамија, Тетово; Мермерни подни плочи со цветни дизајни на Исак-беговата џамија, Битола
 
 
2000 денари
виолетова-кафеава
Бронзен артефакт во облик на афионова чашка (откриен во Сува Река, Гевгелија); Македонска невестинска носија од Прилеп Декорација на внатрешноста на позлатен сад (16 век) со два пауна покрај „изворот на животот”
Серија од 2018 год.
Лице Опачина Вредност
Боја
Опис

(лице)

Опис

(опачина)

 
 
10 денари
виолетова
Торзо на египетската божица Изида (II век пр. н.е.), Охрид; златна обетка (IV век пр. н.е), с. Беранци, Битолско. Паун, детаљ од подниот мозаик во крстилницата на Епископската базилика (IV-V век), Стоби.
 
 
50 денари
сина
Во средина на декоративната штуко арка од црквата Св. Пантелејмон, претстава на фолис емитуван од византискиот цар Јустин II. Архангел Гаврил од сцената „Благовестие“, фреска на источниот ѕид на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново.
Серија од 2020 год.
Лице Опачина Вредност
Боја
Опис

(лице)

Опис

(опачина)

 
 
10 денари
виолетова
Торзо на египетската божица Изида (II век пр. н.е.), Охрид; златна обетка (IV век пр. н.е), с. Беранци, Битолско. Паун, детаљ од подниот мозаик во крстилницата на Епископската базилика (IV-V век), Стоби.
 
 
500 денари
црвена-кафеава
Златна погребна маска, с. Требеништа, охридско (VI век пр.н.е.); на десната страна златни обетки со лавовски глави, охридско (III-II век пр. н.е). Цвет на афион
Серија од 2022 год.
Лице Опачина Вредност
Боја
Опис

(лице)

Опис

(опачина)

Врска до датотека: [2]
 
100 денари
виолетова-кафеава
Таванска розета Поглед од албанска куќа
Врска до датотека: [3] Врска до датотека: [4] 1000 денари
кафеава
Богородица Епискепсис, икона од црквата Мали Св. Врачи, Охрид, почеток на XIV век; на левата страна златна обетка со гулабица (III-II век пр.н.е.), Требенишко кале, Охридско. Детаљ од фасадата на Григориевата галерија (XIV век), црква Св. Софија, Охрид
 
 
2000 денари
виолетова-кафеава
Бронзен артефакт во облик на афионова чашка (откриен во Сува Река, Гевгелија); Македонска невестинска носија од Прилеп Декорација на внатрешноста на позлатен сад (16 век) со два пауна покрај „изворот на животот”

Валута како сувенир

уреди

Почнувајќи од 2002 година, Вевчани, село во југозападниот регион на Македонија и самопрогласено за „независна Република“, започнало да издава свои пари, т.н. личници, како сувенир. Парите се јасно означени како "примерок" и никогаш не биле наменети за официјално користење како законска валута.[8]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Закон за паричната единица на Република Македонија Службен весник на РМ 26/92 од 27 април 1992, стр.10
  2. Ќе се слават 20 години од македонскиот денар Архивирано на 6 октомври 2014 г. Нова Македонија
  3. Љупчо Трпески, Монетарна економија, Скенпоинт, 2010, Скопје,исто, стр. 101-103.
  4. Пристигнуваат банкнотите од 200 и од 2.000 денари, заминуваат од 5.000, Денар, 15 декември 2016.
  5. Соопштение на НБРМ, 14.5.2018 година Архивирано на 25 февруари 2021 г., НБРМ, 14 мај 2018
  6. „Книжни пари во оптек“. НБРМ. Посетено на 26 јануари 2021.
  7. „Ковани пари во оптек“. НБРМ. Посетено на 26 јануари 2021.
  8. „Macedonia Tolerates a 'Republic' in Its Midst“. Associated Press. January 6, 2002.

Надворешни врски

уреди