Градска болница (Скопје)
Градска болница (Скопје) (првично име: Завод за социјално осигурување на работници; денешно име: ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“) — градба во средиштето на Скопје, во непосредна близина на Собранието на Македонија.
Градска болница | |
---|---|
![]() Историска разгледница од Градската болница во 1930 година | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Македонија Општина Центар" does not exist | |
Поранешни називи | Завод за социјално осигурување на работниците |
ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ | |
Општи податоци | |
Место | Скопје, ![]() |
Адреса | агол на бул. 11 Октомври и ул. Филип Втори Македонски |
Координати | 41°59′33″N 21°26′3″E / 41.99250° СГШ; 21.43417° ИГДКоординати: 41°59′33″N 21°26′3″E / 41.99250° СГШ; 21.43417° ИГД |
Почната | 1933 |
Завршена | 1934 |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Драго Иблер |
Изградбата на објектот започнала во 1931 година дело на хрватскиот архитект Драго Иблер.[1]
ПроектирањеУреди
Објектот бил предвиден со Генералниот урбанистички план од 1929 година, во времето на градскиот татко Јосиф Михајловиќ - Јурукоски. Сместен на новопроектираниот плоштад „Слобода“, на кој биле планирани да бидат сите поважни републички институции, организирани со средишното парковско зеленило, паркот Парк „Жена-борец“.
ГрадбаУреди
Делото на Иблер е третиот и последен јавно изведен објект од неговото творештво. Се карактеризира со основна геометриска форма, ослободена од непотребни детали. Освен чистата архитектура, на објектот се применети современи конструктивни материјали и се применети функционалните и рационалните размислувања за неговото организирање.
Објектот има ортогонална основа добиена од еден правоаголен дел 56,5/40 метри и еден квадратен од 17,5 метри. Кон западната страна ослобен е дел од приземјето во улога на трем.
По вертикала објектот има подрум, приземје и три ката. Обликувањето на фасадата е со хоризонтални потези, создадени од прозорите, без декоративен пристап и исчистена мисла. Во средиштето на објектот е формиран атриум, кој го подобрува осветлувањето проветрувањето.
ЗаштитаУреди
Објектот на Градската болница долго време бил под заштита на Конзерваторскиот центар од Скопје како градителско наследство (со акт од 1996 година).
Меѓутоа, веќе во 2009 година се намалува нивото на заштита со цел доградување и менување на објектот.
НаводиУреди
- ↑ „„Градска болница" Скопје / Драго Иблер и Драго Галич 1934“. МАРХ. 19 септември 2015. Посетено на 24 мај 2017.