СУГС „Владо Тасевски“ - Скопје

„Владо Тасевски“ — средно училиште во Скопје, Општина Аеродром[1].

СУГС „Владо Тасевски“

Поглед кон училишната зграда
Поглед кон училишната зграда
Место
Општина: Аеродром
Место: Скопје
Адреса: III Македонска бригада бб Скопје
Основни информации
Директор: Добре Михајлов
Настава на: македонски
Контактни информации
Портал www.sugsvladotasevski.edu.mk

Училиштето соработува со македонски организации како Македонски Телеком, Македонски железници и Македонска Пошта. Во училиштето е можно вонредно школување и дошколување.

Основање и развој

уреди

Средното училиште на Град Скопје „Владо Тасевски“ – Скопје започна со работа во 1959 година, како Центар за стручно образование на младинци и возрасни од сообраќајна и комерцијална струка, во рамките на ЖТП Скопје, со одлука на Работничкиот совет на ЖТП, а во согласност со Уредбата за центрите за стручно образование на работници, објавена во Службен лист на ФНРЈ бр. 30 од 29.5.1959 година. Со текот на времето училиштето повеќепати се трансформирало, следејќи ги современите трендови во образованието.

Од 1961 година почнува со работа Железничкото техничко училиште за сообраќајно-транспортни струки со интернатско сместување. На 14.6.1963 година Центарот е верифициран од Советот за просвета на СРМ за образование на младинци и возрасни од сообраќајна и комерцијална струка. По катастрофалниот земјотрес, во учебната 1963/64 година Железничкото сообраќајно-техничко училиште, како и една паралелка машиноводители, беа привремено преместени во Белград, каде што ја следеа наставата во Железничкиот училиштен центар.

Со текот на годините, дејноста на Центарот се проширува и во периодот 1963–1974 година во Училиштето се образуваат машинобравари, металостругари, електромеханичари, машински и електротехничари за јака струја, односно кадри за потребите на Железничко-транспортното претпријатие Скопје.

На 15. 4. 1979 година со Одлука на Работничкиот совет на Железничко-транспортното претпријатие Скопје Центарот го добива името на првоборецот-железничар Владо Тасевски.

Во 1982 година Училишниот центар потпишува договор со Либиска Џамахирија за школување на либиски ученици за следниве профили: градежни техничари за одржување на пруги, сообраќајно-транспортни техничари и електро техничари за СС и за ТК постројки. Средствата добиени за оспособувањето на учениците од Либиска Џамахирија беа искористени стариот и дотраен објект во кој се реализираше наставата да се замени со нов и современ објект, што беше изграден во 1984 година.

До 1983 година Училишниот центар образуваше само кадри за железнички сообраќај за потребите на Железничко-транспортното претпријатие Скопје, како и за другите работни организации во Република Македонија .

Учебната 1983/84 започна во новата училишна зграда. Новиот објект во потполност ги задоволуваше нормите на воспитно-образовниот процес и беше модерно училиште со одлични услови за работа. Истата година се воведоа нови профили од областа на ПТТ сообраќајот и телекомуникациите, со што училиштето го доби името Училиштен центар за железнички и ПТТ сообраќај „Владо Тасевски“. Во училиштето се школуваа ученици од сите градови во Македонија, кои имаа гарантирано работно место во средините од каде што доаѓаа.

До 1996 година Училишниот центар работи како посебна организациона целина во рамките на Железничко-транспортното претпријатие Скопје, а оттогаш како посебен правен субјект во рамките на Министерството за образование на РМ – ДСУ за железнички и ПТТ сообраќај „Владо Тасевски“.

Во април 1998 година училиштето се вклучи во ФАРЕ-проектот за реформа на средното стручно образование, во рамките на кој се планираше модернизација и трансформација на воспитно-образовниот процес. Наставничкиот колегиум, раководниот кадар и координаторот на проектот вложија огромни напори за поуспешна реализација на започнатите реформи, решени да станеме дел од една нова приказна и да изградиме училиште од кое ќе излегуваат оспособени кадри, компетентни и одговорни личности кои ќе бидат подготвени да се соочат со професионалните предизвици и да одговорат на она што ги очекува во животот.

По започнувањето на процесот на децентрализација, со пререгистрација во Основниот суд Скопје 1 во 2004 година Училиштето преминува под ингеренција на Градот и станува СУГС „Владо Тасевски“

[2] Во изминатите 51 година во училиштето се образуваа 22.000 ученици, оспособувајќи се за следниве профили:

• Во сообраќајна струка: транспортен комерцијалист; техничар за ПТТ сообраќај; техничар за техничка колска служба – прегледувач на коли; техничар за транспорт и шпедиција; станичен работник; сообраќаен транспортен техничар; кондуктер; возоводител; машиновозач на дизел и на електро влечни средства; маневрист; машиновозач на маневра; техничар за железнички сообраќај, и сообраќајно-транспортен магационер.

• Во електротехничка струка: техничар за телекомуникации; техничар за комуникациони уреди и преносни системи; електротехничар за СС постројки; електротехничар за ТК постројки; електротехничар за возни средства; ТТ монтер; електротехничар-електроничар; електротехничар за електроника и телекомуникации; електромеханичар; електротехничар-енергетичар.

• Во машинска струка: машински техничар за влечни средства; машинобравар– металостругар; машинобравар; металостругар; бравар-механичар за железнички возни средства; машински техничар за шински возила, и машинско-енергетски техничар.

Во учебната 2001 година во училиштето почна да се реализира долгогодишната идеја за специјалистичко образование (V степен) од електротехничка, машинска и од сообраќајна струка. Од запишаните 651 кандидат, 415 успешно ја завршиле обуката и се стекнале со уверенија за специјалистички студии.

Во учебната 2008 година во училиштето почна да се реализира Обука за одделни занимања и вештини кои се дефицитарни на пазарот на трудот од машинска и од електротехничка струка за невработени лица, како пилот-обука од Оперативниот план на Владата на РМ, во која беа опфатени вкупно 44 невработени лица.[2]

Освоени награди

уреди

Живко Јанев, I место, категорија НАЈДОБАР АКТЕР од натпреварот НИЕ СМЕ НАЈДОБРИ, 2012година.

Познати личности кои учеле во ова училиште

уреди

Наставен кадар

уреди

Наводи

уреди
  1. Листа на средни училишта во кои е застапено стручното образование во Република Македонија
  2. 2,0 2,1 Годишна програма на училиштето СУГС Владо Тасевски за учебната 2010/2011 година

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди