Црква „Св. Климент Охридски“ - Скопје

(Пренасочено од Соборна црква - Скопје)

Соборен архиепископски храм на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“црква во Скопје и најголем соборен храм на Македонската православна црква денес.

Свети Климент Охридски
македонска православна црква
Епархија Скопска
Архијерејско намесништво Скопско
Местоположба

Карта

Место Скопје
Општина Центар
Држава Македонија
Општи податоци
Изградба 1972-1991
Осветување 12 август 1990
Архитектонски опис

Историја

уреди

Камен-темелникот е поставен на 23 април 1972 година, по проект на архитектот Славко Брезоски. Изградбата ја раководел Генадиј Бужароски. Таа била осветена на 12 август 1990 година, по повод 1150 годишнината од раѓањето на патронот, св. Климент Охридски, во времето на Архиепископот Охридски и Македонски Господин Господин Гаврил.[1]

Во дворот на Соборниот храм на 12 август 2007 бил поставен споменикот на архиепископот Господин Господин Доситеј, првиот поглавар на возобновената Македонска православна црква. Споменикот е висок околу два метра, а архиепископот Доситеј е претставен во природна големина. Се наоѓа во дворот на црквата од јужната страна. Споменикот е донација од скопскиот градоначалник Трифун Костовски, а го изработил академик Томе Серафимовски. Македонската православна црква го поставила овој споменик во чест на 8 декември — православниот празник на Св. Климент.

Архитектура

уреди
 
Црквата одблизу

Црквата е од видот ротунда, со димензии 36 x 36 м. и се состои од само од куполи и лакови, под кои е опфатена површина од околу 1.000 м2. На тој простор може да бидат собрани речиси 6000 верници. Главната црква му е посветена на Св. Климент Охридски, а долната црква на Богородица. Од капелите, едната им е посветена на римскиот император Константин и императорката Елена, а другата на светиот маченик Мина. Кога ќе се влезе во внатрешноста на црквата, особено внимание привлекува иконостасот што е направен од дабово дрво. Основен мотив на резбата е флората — лозови листови, афионови булки и желади. Димензиите на иконостасот се 19,5 м во должина и 12,5 м во висина. Иконите што се сместени во него се насликани од Ѓорѓи Даневски и Спасе Спирковски.

Никодим Царкњас кога бил свештеник во селото. Изгледот е вдахнат од „Св. Климент Охридски“ во Скопје.]]

Под централната купола се наоѓа 3,5 м високиот архиепискописки престол. Двата стола спроти него се високи по 2 м и според каноните, се наменети за световниот владетел и неговата сопруга.

Средишната купола е со површина од 650 м2. Фреските се дело на академскиот сликар Јован Петров со соработниците. Првпат во светот Исус Христос е насликан на површина од 70 м2, при што пречникот на едно око му е 1,5 м. Отстапувањето од каноните е тоа што пророците, наместо во стоечка положба се насликани во седечка положба. Второ отстапување од црковните канони е што се оставени големи прозорци. За да се одбегне големо количество светлина поставен е кристален плексиглас, што во зависност од аголот под кој паѓа светлината создава преливи на бои. [[Податотека:Ναός.JPG|мини|лево|240п|Црквата во Каваклиево, Солунско, проектиран од македонскиот архимандрит Осветлувањето на црквата се врши преку пет тони тешкиот полилеј што е поставен под средишната купола. На него се наредени околу 400 светилки. Вториот полилеј, кој е во средината, виси над светиот престол во олтарот.

На 45 метри висока камбанарија, што се наоѓа во дворот, лево (на север) од главниот влез на црквата, се поставени 3 камбани. Најголемата е тешка 1000 кг, втората 500 кг, а третата 300 кг и сите се излеани во Австрија.

Фонтаната пред црквата е подарок од Исламската верска заедница.

Наводи

уреди
  1. „Соборен храм "Св. Климент Охридски" / Славко Брезоски 1972“. marh.mk. 23 ноември 2014. Архивирано од изворникот на 10 септември 2016. Посетено на 6 мај 2024.

Надворешни врски

уреди

41°59′55″N 21°25′35″E / 41.99861° СГШ; 21.42639° ИГД / 41.99861; 21.42639