44 МТФ „Војдан Чернодрински“ – 2009

44 МТФ „Војдан Чернодрински“ – 2009

уреди

Програма

уреди

Во официјалната програма биле прикажани следниве претстави[1]:

Изложба "ДЕ НИРО" Фоаје - Центар за култура "Марко Цепенков" СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ Доделување на наградите за животно дело

Љубиша ГЕОРГИЕВСКИ-СВЕТО СРЦЕ Режија: Љубиша Георгиевски Македонски народен театар - Скопје Центар за култура "Марко Цепенков" (официјална програма)

Жанина МИРЧЕВСКА ТАМУ, КАДЕ ШТО НЕ СУМ БИЛ Режија: Зоја БУЗАЛКОВСКА Ц.К. „Марко Цепенков“ - Н.Т. „Војдан Чернодрински“ - Прилеп Театар "Војдан Чернодрински" (придружна програма)

Венко АНДОНОВСКИ КИНЕГОНДА ВО КАРЛАЛЕНД Режија: Сашо Миленковски Драмски театар - Скопје Центар за култура "Марко Цепенков" (официјална програма)

Олег и Владимир ПРЕСНЈАКОВИ ТЕРОРИЗАМ Режија: Александар ИВАНОСКИ Н.Т. "Ј.Х.К. Џинот" - Велес Театар "Војдан Чернодрински" (официјална програма)

Дејвид ХАРОВЕР ЦРНА ПТИЦА Режија: Бојан Трифуновски Буден театар - Скопје во соработка со Драмски театар - Скопје Центар за култура "Марко Цепенков" (придружна програма)

Митруш КУТЕЛИ, Фаик КОНИЦА и Антон ЧЕТТА АЛБАНСКИ НОЌИ Режија: Ентон КАЦА Албански театар - Скопје Центар за култура "Марко Цепенков" (официјална програма)

Дејвид Мемет ДИВИ ПАЈКИ Режија: Кирил ПЕТРЕСКИ Ц.К. „Трајко Прокопиев“ - Н.Т. Куманово Театар "Војдан Чернодрински" (придружна програма)

Загорка ПОП АНТОСКА-АНДОВСКА ЛЕТ ВО ТРИ ГЛАВИ Режија: Никола РИСТОВ Македонски народен театар - Скопје Центар за култура "Марко Цепенков" (придружна програма)

АВАНГАРДАТА ВО ТЕАТАРОТ ВО МАКЕДОНИЈА Модератор: Братислав ДИМИТРОВ Камерна сала "Сцена 105" - Центар за култура "Марко Цепенков"

Јордан ПЛЕВНЕШ и Илхами ЕМИН СИЈАХ КАЛЕМ Режија: Владо Цветановски Н.У. Турски театар - Скопје Центар за култура "Марко Цепенков" (официјална програма)

Горан Стефановски ТЕТОВИРАНИ ДУШИ Режија: Јани Бојаџи Ц.К. „Трајко Прокопиев“ - Н.Т. Куманово Театар "Војдан Чернодрински" (официјална програма)

Тихомир СТОЈАНОСКИ ЧЕРНОДРИНСКИ ЕКСПРЕС Режија: Јордан ВИТАНОВ Копродукција: Културен центар СКРБ И УТЕХА и Н.Т. "Ј.Х.К. Џинот" - Велес Црква "Св. Никола" - Варош (придружна програма)

ТЕАТАРОТ ВО СЛУЖБА НА ДРАМСКАТА УМЕТНОСТ ИЛИ НА ЕСТРАДАТА Модератор: Трајче Кацаров Камерна сала "Сцена 105" - Центар за култура "Марко Цепенков"

Владимир МИЛЧИН и Марјан НЕЌАК ЦРНА СЕ ЧУМА ЗАДАДЕ Режија: Владимир Милчин]] Н.У.Н.Т. Битола Центар за култура "Марко Цепенков" (официјална програма)

Братислав Димитров ГЛОГОВИОТ ЏБУН Режија: Стојан СТОЈАНОСКИ Н.У.Ц.К. „Ацо Шопов“ - Н.Т. Штип Театар "Војдан Чернодрински" (официјална програма)

ВАКА, ВАКА И ВАКА Испитна претстава на студентите по глумечка игра на 2-ра година во класата на Владо Цветановски и Мими Таневска Факултет за драмски уметности - Скопје Центар за култура "Марко Цепенков" (придружна програма)

ЛИТЕРАТУРНИОТ ЈАЗИК И ТЕАТАРОТ Модератор: Роберт Вељановски Камерна сала "Сцена 105" - Центар за култура "Марко Цепенков"

Јордан Плевнеш ПОСЛЕДНИОТ ДЕН НА МИСИРКОВ Режија: Дејан ПРОЈКОВСКИ Н.У.Ц.К. "Антон Панов" - Н.Т. Струмица Центар за култура "Марко Цепенков" (официјална програма)

Бертолт Брехт ТАПАНИ ВО НОЌТА Режија: Мартин КОЧОВСКИ

Ц.К. „Марко Цепенков“ - Н.Т. „Војдан Чернодрински“ - Прилеп Театар "Војдан Чернодрински" (официјална програма)

СВЕЧЕНО ЗАТВОРАЊЕ Доделување на наградите

Анджеј САРАМОНОВИЧ ТЕСТОСТЕРОН Режија: Ненад ВИТАНОВ претстава по покана за свеченото затворање Н.У.Н.Т. Битола Центар за култура "Марко Цепенков" (придружна програма)

Награди

уреди

Добитници на Наградата за животно дело за 2009 година се:

- Љубица Гојковиќ (1945), глумица - Димитар Костов (1936), глумец

1. НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ се доделува на Владо Ѓорески - РАФИК за рекламниот материјал од претставата "ПОСЛЕДНИОТ ДЕН НА МИСИРКОВ" во изведба на Народниот Театар "Антон Панов" од Струмица.

2. НАГРАДА ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА се доделува на АНСАМБЛОТ НА БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР за кореографија и сценски движења во претставата "ЦРНА СЕ ЧУМА ЗАДАДЕ" во изведба на Народниот Театар од Битола.

3. НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР "ТРАЈКО ЧОРЕВСКИ" се доделува на ФИЛИП МИРЧЕВСКИ за улогата во претставата "ЦРНА СЕ ЧУМА ЗАДАДЕ" а во изведба на Народниот Театар од Битола.

4. НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА се доделува на Марија Спиркоска Илијеска за улогата на АМАЛИЈА БАЛИКЕ во претставата "ТАПАНИ ВО НОЌТА" во изведба на Народниот Театар "Војдан Чернодрински" од Прилеп.

5. НАГРАДА ЗА МАШКА ЕПИЗОДНА УЛОГА "ДИМЧЕ ТРАЈКОВСКИ" се доделува на Бранко Ѓорчев за улогата КАЈАФА во претставата "СВЕТО СРЦЕ" во изведба на Македонскиот Народен Театар и за улогата ГИНЕКОЛОГОТ во претставата "КИНЕГОНДА ВО КАРЛАЛЕНД" во изведба на Драмски Театар - Скопје.

6. НАГРАДА ЗА МУЗИКА се доделува на Марјан Неќакза музиката во претставата "ЦРНА СЕ ЧУМА ЗАДАДЕ" на Народниот Театар од Битола.

7. НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА се доделува на ТИХОМИР СПИРОВСКИ за костимите во претставата "КИНЕГОНДА ВО КАРЛАЛЕНД" на Драмски Театар - Скопје.

8. НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА се доделува на Тихомир Спировски за сценографијата во претставата "ТЕТОВИРАНИ ДУШИ" во изведба на Народниот Театар од Куманово.

9. НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА се доделува на МАРТИН КОЧОВСКИ за претставата "ТАПАНИ ВО НОЌТА" во изведба на Народниот Театар "Војдан Чернодрински" од Прилеп.

10. НАГРАДА ЗА ТЕКСТ се доделува на Венко Андоновски за текстот "КИНЕГОНДА ВО КАРЛАЛЕНД" на Драмски театар - Скопје.

11. НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕНА СЦЕНСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА се доделува на ЕНТОН КАЦА за драматизација на текстот во претставата "АЛБАНСКИ НОЌИ" на Албанскиот Театар од Скопје.

12. НАГРАДА ЗА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА се доделува на Билјана Беличанец - АЛЕКСИЌ]] за улогата на КИНЕГОНДА во претставата "КИНЕГОНДА ВО КАРЛАЛЕНД" на Драмски Театар - Скопје.

13. НАГРАДА ЗА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА се доделува на ЕЛЈЕСА КАСО за улогата на СИЈАХ КАЛЕМ во претставата "СИЈАХ КАЛЕМ" а во изведба на Турскиот Театар од Скопје.

14. НАГРАДАТА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА и се доделува на претставата "ТАПАНИ ВО НОЌТА" во изведба на Народниот Театар "Војдан Чернодрински" од Прилеп.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди