Кирк Хамет
Кирк Ли Хамет (англиски: Kirk Lee Hammett; роден на 18 ноември 1962 во Сан Франциско, САД) е водечкиот гитарист на хеви метал бендот Металика. Тој е во групата од 1983, а дошол од бендот Егзодус. Има напишано и компонирано неколку песни на Металика, од кои ги издвојуваме „Creeping Death“ и „Enter Sandman“. Се смета за еден од повештите современи гитаристи, а доста виртуозни се неговите соло изведби во песните „Fade to Black“ и „Damage, Inc.“ Бил многупати вбројуван на списоците на најдобри хеви метал гитаристи, а во 2009 г. станал дел од музичката Куќа на славните како член на Металика.[1][2]
Кирк Хамет | |
---|---|
Хамет со Металика на концерт во Лондон (15 септември 2008) | |
Животописни податоци | |
Родено име | Кирк Ли Хамет |
Роден(а) | 18 ноември 1962 Сан Франциско, Калифорнија, САД |
Жанрови | Хеви метал, треш метал, хард рок, спид метал |
Занимања | Музичар, текстописец |
Инструменти | Гитара, ситар, бас гитара |
Период на активност | 1979–денес |
Издавачи | Ворнер Брос, Електра, Вертиго, Мегафорс |
Соработници | Металика, Егзодус, Spastik Children |
Мреж. место | metallica.com |
Значајни инструменти | |
ЕСП Кирк Хамет |
На 1 октомври 2012 ја издал книгата Too Much Horror Business, која е збирка од неговите омилени хорор филмови и слики од чудовишта.[3]
Што се однесува до неговиот приватен живот, Хамет се женел двапати. Првиот брак му траел три години (до 1990), кога се развел од тогашната сопруга Ребека, токму за време на студиските сесии за Црниот албум. По вторпат се оженил во 1998 г. за Лени, со која е во брак до ден денес. Со нејзе има две деца, Енџел (роден 2006) и Виченцо (роден 2008). Тој живее во Сан Франциско заедно со своето семејство. Инаку бил студент на факултетот за филм и азиска уметност од Сан Франциско, каде посетувал настава во периодот 1991-1996.[4]
Животопис
уреди- Ран живот
Кирк е роден во САД, како дете на странски имигранти. Неговата мајка по потекло е од филипинската покраина Себу, додека таткото имал ирски корени.[5] Основно училиште завршил во Ричмонд (Калифорнија), а таму се спријателил со Лес Клејпул од Примус. Како млад работел во Бургер Кинг за да заработи доволно пари за електрична гитара и дополнителна музичка опрема опрема.
- Егзодус
Неговиот интерес за хеви метал музиката беше причина заедно со Пол Балоф, Гери Холт, Џеф Ендрус и Том Хантинг да го основа бендот Егзодус. Таа група била еден од предводниците на треш метал правецот од раните 80′ти. Но неговиот престој во Егзодус завршил со само една направена демо снимка.
- Металика
Во 1983 година Хамет добил покана да се придружи на Металика, откако Дејв Мастејн си заминал за да го основа бендот Мегадет. Поканата стигнала непосредно пред почетокот на снимањето на албумот Kill 'Em All. Во тоа време Кирк земал часови кај гитарскиот гуру Џо Сатријани.
Хамет активно придонесувал во создавањето на песните на Металика. Музичката структура на „Enter Sandman“ се темели на риф кој го искомпонирал тој, додека мостот во песната „Creeping Death“ го напишал во времето кога членувал во Егзодус.
Тој е познат по тоа што редовно користи трзалица при концертните настапи. Исто така забележителни се неговите солажи бидејќи често употребува педала за дополнителни звучни ефекти.[6] Неговите соло изведби биле изоставени од албумот St. Anger бидејќи не одговарале на музичкиот правец на плочата.[7]
Освен со Металика, Хамет неколкупати гостувал на музичките проекти на колегите од неговиот жанр. Неговиот лик се појавил на неколку анимирани филмови и видео игри.
Дискографија
уреди- Death Angel
- Kill as One (демо) - извршен продуцент
- Headbanged
- Metal Militia (демо)
- Exodus
- 1982 Demo
- Metallica
- Kill 'Em All (1983)
- Ride the Lightning (1984)
- Master of Puppets (1986)
- ...And Justice for All (1988)
- Metallica (1991)
- Load (1996)
- ReLoad (1997)
- St. Anger (2003)
- Death Magnetic (2008)
Наводи
уреди- ↑ Hammett ranked at number 11 on Rolling Stone's 100 Greatest Guitarists of All Time
- ↑ „'I'm Over My Metallica Demons,' Says Dave Mustaine“. Classicrockmagazine.com. 2009-08-25. Посетено на 2011-11-04.
- ↑ Florino, Rick (September 11, 2012). "Kirk Hammett of Metallica Talks His Book 'Too Much Horror Business'" Архивирано на 24 февруари 2013 г.. Artistdirect
- ↑ "Metallica". Behind the Music. No. 9, season 2.
- ↑ Кирк Хамет на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- ↑ „Kirk Hammett: Why the taped hand?“. Explicate.blogspot.com. Посетено на 2011-11-04.
- ↑ BLABBERMOUTH.NET - METALLICA Guitarist Provides Foreword To First-Ever CLIFF BURTON Biography Архивирано на 30 мај 2012 г.. Roadrunnerrecords.com. Посетено на 2010-11-05.
Надворешни врски
уреди„Кирк Хамет“ на Ризницата ? |
Поврзано
уредиПретходник Дејв Мастејн |
Гитарист на Металика 1983–денес |
Наследник / |