Флеминг Расмусен
Флеминг Расмусен (роден на 1 јануари 1958 во Копенхаген) — дански музички продуцент. Тој живее во својот роден град, а работи во сопственото студио кое се вика Sweet Silence.
Флеминг Расмусен | |
---|---|
Роден(а) | 1 јануари 1958 |
Потекло | Копенхаген, Данска |
Жанрови | Треш метал, дет метал, алтернативен метал |
Период на активност | 1981–сѐ уште |
Соработници | Металика, Морбид Енџел, Блајнд Гардијан, Реинбоу, Ричи Блекмор |
Во текот на својата повеќегодишна кариера, Расмусен претежно продуцирал плочи од жанрот на хеви метал музиката. Прв албум кој го аранжирал бил Difficult to Cure (1981) од рокерите Реинбоу. Потоа следела работата со Металика на три нивни студиски албуми, и тоа Ride the Lightning (1984), Master of Puppets (1986) и ...And Justice for All (1988).[1] По ова имал кратко партнерство со бендови како Морбид Енџел и Блајнд Гардијан.[2][3]
Обележје на целокупната негова музичка кариера е освоената Греми награда за нумерата „One“ во изведба на Металика (1989).
Наводи
уреди- ↑ Buskin, Richard (мај 2011). „Metallica 'One': Classic Tracks“. Sound on Sound. SOS Publications Group. OCLC 61313197. Посетено на 18 јануари 2013.
- ↑ „Credits: Covenant“. Allmusic. Посетено на 16 март 2010.
- ↑ Huey, Steve. „Review: Imaginations from the Other Side“. Allmusic. Посетено на 16 март 2010.
Надворешни врски
уредиОваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |