Штука (село)
Штука — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.
Штука | |
Поглед кон селото | |
Координати 41°28′0″N 22°49′0″E / 41.46667° СГШ; 22.81667° ИГД | |
Општина | Босилово |
Население | 590 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 27075 |
Надм. вис. | 290 м |
Слава | Св. Кирил и Методиј |
Штука на општинската карта Атарот на Штука во рамките на општината | |
Штука на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиШтука се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во источниот дел на Струмичка Котлина и во источниот дел на Општина Босилово, на 15 километри од градот Струмица. Селото се наоѓа на планината Огражден.
Надморската височина во селото е 290 метри, додека селото зафаќа површина од 16,4 км2. Од нив, 251 хектари се обработливо земјиште, 1.334 хектари се шуми и 25 хектари се пасишта[2]
Историја
уредиРан период
уредиНа просторот на денешна Штука имало живот уште во предримско време. Тоа го потврдува пронајдената гробна могила од хеленистичкиот период. Во наоѓалиштето Тумба, блиску до селото е откриена и населба од доцноантичко време и од средниот век, а во наоѓалиштето Црквиште се откриени тврдина од доцноантичко време и римохристијанска базилика (црква).
Зборот „Штука“ на местен дијалект значи „вдлабнатина“, „дол“ (во долина). Од самата локација на населбата во долина се претпоставува дека е изведено и името на селото Штука. Според народното предание некогаш овие простори биле исполнети со вода, имало блато. Ѓолската вода била богата со риби. Најмногу ја имало рибата штука, која селаните ја ловеле со кошеви, па дури и со рака, особено во летните месеци кога таа излегувала во плитките води. По изобилството на рибата штука, според легендата населбата што се наоѓала крај блатестото езеро ја нарекле Штука[3].
Од една повелба од 1328 година, со која се потврдува Хрељовото подарување на земји од Струмичко на Хилендарскиот манастир, се гледа дека до ова време како ситни феудалци (пронијари) во селото Штука биле „пронијарите грчки Тутко, Осан, Ласкар и Сидерофан“, кои со припаѓањето на овие села на Хилендар, биле истерани од нив[4].
Отоманско Царство
уредиВо XIX век Штука било село со мешано население. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Штука било село со 20 семејства, сите Македонци[5][6]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 105 жители Турци[7].
Југославија
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на војната, муслиманското население започнало да ги напушта своите домови, додека на нивно место биле населени македонски бегалци од Егејска Македонија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион. По крајот на Втората светска војна, Штука била вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ.
Македонија
уредиПо распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[8]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 781 жител, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 590 жители, од кои 561 Македонец и 29 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 105 | — | 473 | 533 | 639 | 749 | 785 | 856 | 822 | 781 | 590 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1826 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 729 гласачи.[16]
На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 722 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости
уреди- Тумба, археолошко наоѓалиште од доцноантичко и средновековно време.
- Црквиште, археолошко наоѓалиште од доцноантичко и старохристијанско време.
- Црква „Св. Кирил и Методиј“
- КУД Кавалџии
- Карневал Штука
Личности
уреди- Димитар Станишев (1924 - 2000), член на Политбирото на ЦК на Бугарската комунистичка партиja.
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.315.
- ↑ КОЛЕТКТИВНАТА МЕМОРИЈА ЗАЧУВАНА ВО ТИПИЧНИТЕ ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО
- ↑ Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969,.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во
|title=
во положба 21 (help)
Надворешни врски
уреди„Штука (село)“ на Ризницата ? |