Шнеберг (Саксонија)
Шнеберг (германски: Schneeberg) — град во саксонскиот округ Рудни Планини. Има околу 16.400 жители и припаѓа на градската лига на Зилберберг (Städtebund Silberberg). Се наоѓа 4 километри западно од Ауе и 17 километри југоисточно од Цвикау.
Шнеберг | |
Панорама на Шнеберг | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Рудни Планини |
Градоначалник | Фридер Штимпел (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 23,35 км2 |
Надм. височина | 470 м |
Население | 13.994 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 599 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | ERZ |
Пошт. бр. | 08289 |
Повик. бр. | 03772 |
Портал | www.schneeberg.de |
Местоположба на градот Шнеберг во рамките на округот Рудни Планини | |
Координати | 50°35′39″N 12°38′44″E / 50.59417° СГШ; 12.64556° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиШнеберг се наоѓа на Сребрениот пат во горните западни Рудни Планини. Оддалеку е видлива црквата St. Wolfgangskirche. Градското јадро Шнеберг, која достигнува 470 метри надморска височина и исто така именик на градот. Меѓу соседните врвови се Глесберг (593 м) на исток и Кајлберг (557 м) на север.
Историја
уредиДолгата историја на Шнеберг била обликувана од рударството, повеќе отколку од сè останато, поставувајќи ги основите за основање на градот. Првичните рудници за сребро, се надополниле со тие за кобалт и бизмут откопувани од средината на 16 век. Кога ископувањето на ураниум започнало помеѓу 1946 и 1958 година, населението во градот брзо се зголемило, што довело до добивање на статусот на слободен град (kreisfreie Stadt) помеѓу 1952 и 1958 година. Потоа, повторно припаѓал на округот Ауе.
Припојувања
уреди- 1939 Бергштат Нојштетел, близу се наоѓаат популарните одредишта за проштетки Глесберг и Филцтајх
- 1952 Општина Грисбах, северозападно од Шнеберг
- 1999 Општина Линденау
Население
уредиДвижење на населението во градот (од 1960 на 31 декември):
|
|
|
1 29 октомври
2 31 август
Култура и знаменитости
уредиЦрквата Св. Волфганг е една од најголемите и архитектонски најзрела црква изградена во готски стил и е ран тип на изградба на црква пред реформацијата. Внатре има дела од Лукас Кранах Постариот и од сликарското семејство Кродел, кому им била посветена фонтаната Krodel-Brunnen, срушена на крајот од 2005 година.
Меѓу другите знаменитости се и неоготското Градско собрание, новоизградено во средината на XIX век, различни барокни згради и рударски споменици.
Економија и инфраструктура
уредиСообраќај
уредиВо Шнеберг завршува Bundesstraße (сојузен автопат) 93 од Лајпциг, кој некогаш водел понатаму, низ границата со Карлсбад (сега Карлови Вари во Чешка). Исто така, Bundesstraße 169 поминува низ градот од Плауен до Кемниц.
Од 1859 до 1952, градот имал железничка врска обезбедена со помошна линија на железничката линија Цвикау-Шварценберг-Јохангеоргенштат-Карлсбад.
Покраински институции
уредиШнеберг до 31 март 2008 бил седиште на Gebirgsjägerbataillon („Баталјон Планински ренџери“) 571 и Versorgungskompanie („Единицата за снабдување“) 370 на Бундесвер.
Образование
уредиШнеберг има на располагање културен клуб, од кој пораснала гимназијата. Покрај тоа, градот е дом на текстилно училиште, уметничко училиште, стручна гимназија и висока школа за наставници. Гимназијата Јохан-Готфрид-Хердер во Шнеберг во 2004-2005 била избрана како „најдобра гимназија во Саксонија“ поради програмата на учење од списанието „Капитал“. Таа ужива голем углед дури и надвор од границите на Германија.
Познати луѓе
уредиПочесни граѓани
уреди- 2002 - Вернер Унгер (р. 1922), Heimatforscher („истражувач на татковината“)
- 1992 - Валтер Рау (1909-1992), просветител
- 1991 - Герхард Хајлфурт (1909-2006), фолклорист
- 1985 - Вернер Кемпф (1925-1999), сликар
- 1981 - Карл Шрајтер (1903-2001), пожарникар
- 1965 - Артур Гинтер (1885-1974), Heimatforscher и општински политичар
Познати жители на градот
уреди- Ханс Шенк (околу 1500- околу 1566), вајар во Берлин
- Андреас Мускулус (1514-1581), професор на Универзитетот во Франкфурт на Одра и Generalsuperintendent на Грофовија Бранденбург
- Амброзиј Лобвасер (1515-1585), писател и преведувач
- Каспар Еберхард (1523-1575), лутерански теолог и просветител
- Петрус Албиниј (1543-1598), проректор на Универзитетот во Витенберг и историчар на Електоратот Саксонија
- Фајт Ханс Шнор фон Каролсфелд (1644-1715), рудар и основач на Карлсфелд
- Карл Готлоб Хофман (1703-1774), лутерански теолог и историчар
- Кристијан Фридрих Брендел (1776-1861), рударски инженер
- Хајнрих Штелцел (1777-1844), музичар
- Кристоф Фридрих Ото (1783–1856), градинар и ботаничар
- Кристијан Фридрих Редер (1827-1900), директор, поет и пејач
- Ото Шил (1838-1918), правник и општински политичар во Лајпциг
- Кристијан Херман Валде (1855-1906), директор на стручно училиште во Саксонија и Шлеска, автор на книга
- Едвин Бауерзакс (1893-1948), поет
- Армин Гинтер (1924-2003),фудбалер на СК Визмут Карл-Маркс-Штат
- Егон Гинтер (* 1927), германски режисер
- Енрико Керн (р. 1979), германски фудбалер на ФК Ханза Росток
Познати луѓе кои работеле тука
уреди- Петер Вајденхамер (околу 1480–околу 1540), алхемичар, правел сина боја од Рудните Планини
- Андреас Рајнхард (1571–1613), аритметичар и автор на книга за математичка настава
- Јохан Беме (1623-1663), вајар
- Кристоф Готлиб Грундиг (1707–1780), свештеник, природонаучник, писател
- Ернст Август Гајтнер (1783–1852), хемичар, физичар и пронаоѓач германското сребро
- Јулиус Пауфлер (1834-1901), градски советник, раководител на училиштето за модели, инспектор на Саксонија за општинските училишта
- Карл Шуман (1801-1849), печатач и издавач на книги, брат на композиторот Роберт Шуман
- Адам Зибер (1516-1584), германски хуманист и просветител
Збратимени градови
уредиЗбратимени градови на Шнеберг се:
Наводи
уреди- ↑ „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)