Плауен
Плауен (германски: Plauen; чешки: Plavno) — град во сојузната покраина Саксонија, во Германија. Тој е главен град на округот Фогтланд. Градот се наоѓа близу границата со Баварија и Чешка.
Плауен
Plauen | |
Плауен и кулата на Градското собрание во утринска магла | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Фогтланд |
Градски единици | 5 градски окрузи со 38 делови |
Градоначалник | Ралф Обердорфер (СлДП) |
Основни податоци | |
Површина | 102,12 км2 |
Надм. височина | 412 м |
Население | 64.763 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 634 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | V |
Пошт. бр. | 08523;-5;-7;-9 |
Повик. бр. | 03741 |
Портал | www.plauen.de |
Местоположба на градот Плауен во рамките на округот Фогтланд | |
Координати | 50°29′N 12°07′E / 50.483° СГШ; 12.117° ИГД |
Слоганот на Плауен е „Плауен — навистина врвен“ (Plauen - echt Spitze).
Историја
уредиГрадот бил основан од Полапските Словени во XII век и преминал во посед на кралството Бохемија (Чешка) во 1327 година. Освоен од надбискупот на Магдебург во 1384 година од Липолд фон Бредов. Преминал кон Алберт, војводата на Саксонија во 1466 година и на Изборното кнежевство Саксонија во 1569 година. Станал дел од Кралството Саксонија во 1806 година во текот на Наполеоновите војни.
Кон крајот на XIX век, Плауен станал центар на текстилната индустрија, специјализирајќи се во тантела. Околу 1910 година, Плауен, како индустриски растечки град, го достигнал неговиот врв во населението (попис од 1910: 121.000, 1912: 128.000).
Во 1930-тите години, Плауен бил единствениот град кој имал членови на нацистичката партија надвор од Баварија. Населението на Плауен драматично се намалило од Втората светска војна (1939: 111.000 жители).
Од 1945 година, Плауен припаѓал на советската окупациска зона на Германија, од 1949 до 1990 година на Германската Демократска Република. Во текот на тоа време, во него се наоѓал голем гарнизон на Црвената армија и во последните години на Источна Германија тука била сместена и офицерската школа за граничари (Grenztruppen der DDR). Првите масовни демонстрации против социјалистичкиот режим на ГДР започнале во Плауен на 7 октомври 1989 година и биле почетокот на серија масовни демонстрации во цела Источна Германија, кои на крај довеле до обединување на Германија во 1990 година Плауен бил првиот град од Источна Германија, кој добил свој ресторан на Мекдоналдс по паѓањето на Берлинскиот ѕид.
Со реформата на окрузи од 1 август 2008 година, Плауен го изгубил својот статус на урбан округ и бил вклучен во округот Фогтланд.
Индустрија и инфраструктура
уредиЖелезничката станица Плауен (Фогтланд) Оберер е сместена на железничката линија Лајпциг-Хоф. Делот од оваа линија минува низ Плауен и ги поврзува Нирнберг, Хоф, Плауен, Цвикау, Кемниц и Дрезден. Градот има и станица, Плауен (Фогтланд) Унтерер, сместена на железничката линија Елстер.
Главни знаменитости
уреди- Музеј „Плауенер Шпице“
- Галерија „Плауен“
- Стар градски дом
- Вијадукт Елстер — вториот најголем мост од тули во светот
- Мост Фриден - најголемиот камен мост со лак во светот
- Црква „Св. Јован“ (Johanniskirche)
- Стариот вијадукт Елстер — најстариот мост во Саксонија
- Малцхаус
Образование и наука
уредиПлауен е дом на универзитет за применети науки, со околу 300 студенти.
Познати жители
уреди- Хајнрих фон Плауен (1370–1429) — голем мајстор на Тевтонскиот ред
- Едуард Фридрих Пепиг (1798–1868) — ботаничар, зоолог и истражувач
- Херман Фогел (1854–1921) — илустратор
- Е.О. Плауен (1903–1944) — аниматор
- Вернер Хартенштајн (1908–1943) — командант на подморница U-156
- Карл Рихтер (1926–1981) — истакнат диригент, оргулар и чембалист
- Ханс Оте (1926–2007) — композитор и пијанист
Збратимени градови
уреди- Аш, Чешка, од 1962 г.
- Штајр, Австрија, од 1970 г.
- Хоф, Германија, од 1987 г.
- Зиген, Германија, од 1990 г.
- Цеглед, Унгарија, од 2005 г.
- Пабјанице, Полска, од 2006 г
- Шјауљај, Литванија, од 2010 г.
Збратимени градови на Јесниц
уреди- Хајлсброн, Германија
Поранешни збратимени градови
уредиНаводи
уреди- ↑ „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
Надворешни врски
уреди„Плауен“ на Ризницата ? |
- Официјална страница Архивирано на 19 јуни 2008 г.