Шарган (грчки: Πανόραμα, Панорама; до 1927 г. Σαραγκαναίοι, Сарганеи[2]) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 32 жители (2011).

Шарган
Πανόραμα
Шарган is located in Грција
Шарган
Шарган
Местоположба во областа
Шарган во рамките на Гребен (општина)
Шарган
Местоположба на Шарган во Општина Гребен и областа Западна Македонија
Координати: 40°3′N 21°11′E / 40.050° СГШ; 21.183° ИГД / 40.050; 21.183
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
ОпштинаГребен
Општ. единицаТеодорос Зјакас
Надм. вис.&100000000000010500000001.050 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно32
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото е сместено високо во североисточните пазуви на планината Пинд, на надморска височина од 1.050 м, околу 40 км западно од градот Гребен. Вкупната површина на селскиот атар изнесува 6 квадратни километри.[3]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ е изградена во XIX век.[4]

Во XIX век Шарган било грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Шарган живееле 50 Грци христијани и 160 Грци муслимани.[5] Но се работи или за некоја грешка или пак муслиманското население го напуштило селото, поради шτο во подоцнежните пописи не е регисгрирано бегалско населелие.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Шарган се води како чисто грчко село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 64 куќи.[6]

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Шарган живееле 145 Грци христијани.[7]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 242 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 163.[3]

Во 1927 година, името на селото било променето во Панорама (Πανόραμα).

Стопанство

уреди

Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи. Населението делумно се занимава и со сточарството.[3]

Население

уреди

Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 242 жители, во 1920 година со 163 жители, во 1928 година со 180, во 1940 година со 206, во 1951 година со 110, во 1961 година со 65, во 1971 година со 28, во 1981 година со 118, а во 1991 година со 79 жители. [3] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 206 110 65 28 118 79 126 32
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Во 1928 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 6 квадратни километри.[3] Општината Шарган била приклучена во општината Теодорос Зјакас во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Гребен.

Селото припаѓа на општинската единица Теодорос Зјакас со седиште во селото Мавран, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Шарган, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости

уреди

Цркви

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Πανδέκτης: Saragkanaioi -- Panorama“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-08-03.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 135.
  4. 4,0 4,1 „Λίγα λόγια για το χωριό –“ (грчки). Посетено на 2023-08-03.
  5. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.46“. www.promacedonia.org. Посетено на 2023-08-01.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 73.
  7. Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001, 48-49.