Чалџиево
Чалџиево или Чалџилари (грчки: Φιλώτας, Филотас; до 1926 г. Τσαλτζιλάρ, Цалѕилар[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 1.772 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено со Турци.[3]
Чалџиево Φιλώτας | |
---|---|
Координати: 40°37.31′N 21°42.31′E / 40.62183° СГШ; 21.70517° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Суровичево |
Општ. единица | Чалџиево |
Надм. вис. | 570 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1.772 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 53070 |
Повик. бр. | 2463 |
Географија
уредиСелото е сместено во котлината Сариѓол, 6 км јужно од Суровичево и 40 км југоисточно од Лерин. Пред повлекувањето на Островското Езеро, било оддалечено на помалку од 5 км од неговиот брег.
Историја
уредиПраисторија и стар век
уредиВо подрачјето на Чалџиево се најдени траги од праисториски населби, од кои најстарите се од раниот неолит. Животот на ова место продолжил и во древномакедонскиот и римскиот период. Во други месности околу селото се откриени остатоци од населби од раното и доцното бронзено време, железното време, како и од подоцнежните периоди.[4]
Во Отоманското Царство
уредиВо „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чалџиево (Tchaldjiévo) било село во Џумалиската каза со 20 домаќинства од вкупно 62 жители Македонци.[5][6]
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Чалџиево:
„ | Село Ченчилар, кое се состои од 350 муслимански куќи. Данокот им е 32.200 пијастри. Селото е сместено до Островското Езеро. Жителите се занимаваат со земјоделство, сточарство и риболов. Еднаш неделно во вторник е пазар. Низ Ченчилер поминува патот од Битола за Лариса. Селото се смета за втора населба по важност во казата по Лерин.[7] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Чалџиево (Чалџилар) имал 1.950 жители Турци.[8]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишан 2.381 жител, а во 1920 г. броело 2.137 лица.[3] Во 1920-тите сето население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти од таа земја. Тие дошле од следниве места во Турција:[9]
- Учмакдере (Αυδήμι, Ајдими), Источна Тракија
- Сурмене (Σούρμενα, Сурмена), Понд
- Богазќој (Μπογιάζκιοι), Источна Тракија
- Сувремез (Φλογητά, Флогита), Кониско
- Ѓолџук (Γιολτζίκ, Ѓолѕик), Источна Тракија
Во 1926 г. властите го преименувале селото во Филотас.[10] Во 1928 г. Чалџиево било наполно дојденско село со 2.188 жители од 539 семејства.[11]
Во 1940 г. во селото живееле 2.134 лица. Ваквата бројност се задржала до 1960-тите кога доста жители почнале да се селат во Кајлари и другите градови поради изградбата на големите термоелектрани и привлечноста на градскиот живот.[3]
Цркви
уредиЧалџиево има три цркви:[4]
- „Св. Ѓорѓи“
- „Св. Василиј“
- „Св. Петка“
Во селото работи и друштвото „Црно Море“.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 2.134 | 2.177 | 2.154 | 1.665 | 1.618 | 1.939 | 1.821 | 1.772 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиСелото важи за доста богато и има развиено земјоделство и сточарство.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσαλτζιλάρ -- Φιλώτας
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 179–180.
- ↑ 4,0 4,1 Δήμος Αμυνταίου, Φιλώτας
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 98-99.
- ↑ Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр.152.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 270. ISBN 954430424X.
- ↑ Μορφωτικός - Πολιτιστικός Σύλλογος Φιλώτα, Ιστορία[мртва врска]
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.