Цармариново
Цармариново или Црно Мариново (грчки: Μαρίνα, Марина; до 1926 година: Σερμαρίνοβο, Сермариново, Σερμορίνοβο, Сермориново; книжевно: Σερμορίνοβον, Сермориновон[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција. До 1920-тите Цармариново, како и другите околни села, било чисто македонско, а денес Македонците во него сочинуваат двотретинско мнозинство.[3]
Цармариново Μαρίνα | |
---|---|
Координати: 40°42′N 22°06′E / 40.700° СГШ; 22.100° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Негуш |
Општ. единица | Антемија |
Надм. вис. | 140 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1.042 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на осум километри североисточно од градот Негуш и 10 километри југозападно од Вртикоп, на надморска височина од 140 метри.[3]
Сместено е во областа Сланица, на североисточните падини на планината Каракамен (Негуш Планина или Дурла). Во селото се наоѓа и Цармариновскиот манастир „Св. Преображение“, кој влегува во Воденската митрополија.
Историја
уредиВо 1923 година во селото биле населени Грци, бегалци од Турција. Во 1928 година, Цармариново претставувало мешана населба со 558 жители, од кои 270 лица (65 семејства) биле грчки дојденци, а останатите биле домородни Македонци.[4]
Селото Цармариново, како и другите околни села, до 1924 година било населено исклучително со македонско население.[3]
Во 1926 година, селото било преименувано во Марина (Μαρίνα).[5]
Во книгата „Населените места во Егејска Македонија“, се наведува дека и денес во селото поголем дел од населението е македонско, а околу една третина потомци на грчките бегалци.[3]
Стопанство
уредиСелото е прилично богато, бидејќи се наоѓа во самото поле, а дел од обработливата почва се наводнува и дава високи приноси. Главен производ е овошјето, а се сее и пченица. Делумно е развиено и сточарството.[3]
Население
уредиСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Цар-Мариново (Црно Мариново) живееле 400 Македонци.[6][7] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Цармариново имало 208 Македонци.[6][8]
За време на пописот од 1913 година, селото било забележано со 223, а во 1920 година со 414 жители. По 1923 година во селото биле сместени помал број бегалски семејства. Така, селото станало мешано, во него во 1928 година имало 558 жители, во 1940 година 786, во 1951 година 827, во 1961 година 994, во 1971 година 972, во 1981 година 957, а во 1991 година 1.036 жители.[3]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.076 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.042 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 786 | 827 | 994 | 972 | 957 | 1.036 | 1.076 | 1.042 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Антемија со седиште во селото Копаново, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Цармариново, во кој покрај Цармариново влегува и селото Фетица.
Општествени установи
уреди- Полициска станица
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- Црква „Св. Марина“ — главна селска црква
- Манастири
- Цармариновски манастир — манастирот е посветен на Христовото Преображение
- Кули
- Хаџидимитрова кула — станбено-одбранбена кула прогласена за споменик на културата
Личности
уреди- Јане (Јани) Ташов (1919 – 1948) — комунистички деец[9]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σερμορίνοβον - Μαρίνα
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 39. ISBN 9989-9819-5-7.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ 6,0 6,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, София, 1902, стр. 149.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.
- ↑ „Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009“. Архивирано од изворникот на 17 мај 2021. Занемарен непознатиот параметар
|acces-date=
(help)