Олгин (покраина)
Олгин (шпански: Provincia de Holguín) е една од покраините во Куба, втора по населеност, по градот-покраина Хавана. Се наоѓа во југоисточниот дел на земјата. Поважни градови се Олгин (главниот град), Банес, Антилја, Мајари и Моа.
Олгин Provincia de Holguín | |
---|---|
Покраина во Куба | |
Земја | Куба |
Админ. центар | Олгин |
Површина[1] | |
• Вкупна | 9.209,71 км2 (355,589 ми2) |
Население (2022)[1] | |
• Вкупно | 1,098,275 |
• Густина | 0/км2 (0/ми2) |
Час. појас | EST (UTC-5) |
Повик. бр. | +53-024 |
Мреж. место | holguin.cu |
Населението брои малку над еден милион жители. Зафаќа површина од 9.300 км², од кои 25% отпаѓаат на шуми.
Историја
уредиКристофер Колумбо допловил тука на 27 октомври 1492. Потем тој рекол дека ова е „најубавата земја која човечки очи имаат видено“.
Покраината Олгин била создадена во 1978 год., по одделувањето од регионот Ориенте.
Познати личности
уреди- Генерал Каликсто Гарсија (1839-1898), херој од војната за независност
- Генерален Командант Фидел Кастро (1926), правник, Претседател на Куба.
- Генерал на Армијата Раул Кастро (1931), Министер за војска и Претседател на Куба.
Стопанство
уредиКако и најголемиуот дел од земјата, стопанството во Олгин се заснова на шеќерна трска, но рударството, пченката и кафето се исто така важни гранки.
Во Моа има огромна фабрика за обработка на кобалт со терминали за испорака, која била изградена со помош од странство, која во главен дел дошла од Канада. Во покраината има и многу индустриски капацитети за обработка и на хром, никел, железо и челик.
Од неодамна во покраината почнат е и развојот на туризмот и постојат бројни хотели околу Гвардалавака.
Општини
уредиОлгин е поделен на 14 општини:
Извор: Население од пописот во 2004 г.[2] Површина според општинската прераспределба од 1976 г.[3]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Lugar que ocupa el territorio según la superficie y la población“ (PDF). Una MIRADA a Cuba. Oficina Nacional de Estadísticas. Cuba. 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-03-11. Посетено на 2013-02-15.
- ↑ Atenas.cu (2004). „Трендови на населението во 2004 г. по покраини и општини“. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2 октомври 2007. (шпански)
- ↑ Statoids (2003). „Општини во Куба“. Посетено на 6 октомври 2007. (англиски)
Надворешни врски
уреди- Портал на покраината Олгин Архивирано на 31 август 2018 г. (шпански)