Хави Мартинес
Хавиер „Хави“ Мартинес Агинага (шпански изговор: [ˈxaβi marˈtineθ aɣiˈnaɣa]; роден во Естела, на 2 септември 1988 година) — шпански фудбалер кој игра за Баерн Минхен во германската Бундеслига, како дефанзивец или дефанзивен играч за врска. Во Билбао во тимот на Атлетик Билбао пристигнал во 2006 година пред својот 18-ти роденден, и бргу се наметнал како стартер.
Хави Мартинес | |||
---|---|---|---|
Мартинес пред натпреварот за Шпанија 21 во 2012 | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Хавиер Мартинес Агинага[1] | ||
Роден на | 2 септември 1988 | ||
Роден во | Естела, Шпанија | ||
Држава | Шпанија | ||
Висина | 1.90 м (6 ст 3 ин)[2] | ||
Позиција | среден ред, одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Бајерн Минхен | ||
Број | 8 | ||
Младинска кариера | |||
1993–1995 | Берцео | ||
1995–1997 | Логроњес | ||
1997–2000 | Аренас | ||
2000 | Изара | ||
2001–2005 | Осасуна | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2005–2006 | Осасуна | 32 | (3) |
2006–2012 | Атлетик Билбао | 201 | (22) |
2012– | Бајерн Минхен | 85 | (5) |
Репрезентација ‡ | |||
2005 | Шпанија 17 | 5 | (0) |
2006–2007 | Шпанија 19 | 5 | (0) |
2007–2011 | Шпанија 21 | 24 | (1) |
2012 | Шпанија 23 | 4 | (1) |
2010– | Шпанија | 18 | (0) |
Мартинес го освоил Светското првенство во фудбал во 2010 година и ЕУРО 2012 со репрезентацијата на Шпанија.
Клупска кариера
уредиМартинес е роден во Естела-Лизара, Навара. Првиот професионален договор го потпишал со Атлетик како 17-годишник за шест милиони евра во летото 2006 година.[3] Мартинес набргу станал незаменлив во својата прва сезона, каде што забележал значајни резултати. Сезоната ја завршил со 35 одиграни натпревари, на кои постигнал 3 голови.
На 29 август 2012 година, Баерн Минхен ја платил откупната клаузула од 40 милиони € во неговиот договор, а Мартинес потпишал петогодишен договор со германскиот клуб. Тој така поставил рекорд во 50-годишната историја на Бундеслигата. Мартинес дебитирал на 2 септември - на својот 24-ти роденден - влегувајќи во 77-та минута како замена за Бастијан Швајнштајгер, на натпреварот против ФК Штутгарт. Тој го постигнал својот прв гол за новиот клуб против Хановер 96, на 24 ноември.
Трофеи и награди
уредиАтлетик Билбао
уреди- Лига на Европа : финале 2011/12.
Баерн Минхен
уреди- Бундеслига (4) : 2012/13, 2013/14, 2014/15, 2015/16.
- Куп на Германија (3) : 2012/13, 2013/14, 2015/16.
- Суперкуп на Германија (2) : 2012, 2016.
- Телеком куп на Германија (2) : 2013, 2014.
- Лига на шампиони (1) : 2012/13.
- УЕФА суперкуп (1) : 2013.
- Светско клупско првенство (1) : 2013.
- Светско првенство (1) : 2010.
- Европско првенство (1) : 2012.
- Куп конфедерации : (друго место) 2013.
- Европско првенство до 21 години (1) : 2011.
- Европско првенство до 19. години (1) : 2007.
Наводи
уреди- ↑ „FIFA World Cup South Africa 2010: List of players“ (PDF). FIFA. 4 June 2010. стр. 29. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-06-16. Посетено на 13 September 2013.
- ↑ „Javier Martínez“. FC Bayern Munich. Архивирано од изворникот на 2016-07-27. Посетено на 20 September 2014.
- ↑ „Athletic spend big on starlet“. Sky Sports. 2 јули 2006. Посетено на 16 февруари 2010.
Надворешни врски
уреди„Хави Мартинес“ на Ризницата ? |
- Bayern official profile Архивирано на 27 јули 2016 г.
- National team data
- Хави Мартинес на National-Football-Teams.com
- Хави Мартинес – Профил на службената страница на ФИФА
- Хави Мартинес – Профил на сајтот на УЕФА