Фудбалот во Македонија
Фудбалот е еден од најпопуларните спортови во Република Македонија. Македонија станала член на ФИФА во 1994 година. Фудбалската репрезентација на Македонија има направено неколку забележителни резултати во Квалификациите за Европско првенство по фудбал, како и во Квалификациите за Светско првенство по фудбал.
Првиот натпревар, пријателски, земјатса го одиграла против Словенија на 13 октомври 1993 година, победувајќи гостински терен со 4-1. Најолема победа остварила против Лихтенштајн на 9 ноември 1996 година победувајќи со 11-1 на гостински терен.
Најголеми успеси на македонската репрезентација се 2-2 против Англија во октомври 2002 година, 2-2 против Холандија во 2004 година. Во 2006 година со Англија на гостински терен повторно одиграла нерешено 0-0. Во ноември 2007 година Македонија ја победила Хрватска на домашен терен со 2-0.
Хронологија
уреди1940-ти
уредиПрвиот ноќен натпревар на територијата на Република Македонија бил одигран во Скопје на 20 јуни 1946 година меѓу скопска Македонија и Работнички.[1]
На 12 јули 1949 година, во Кочани за прв пат бил одигран натпревар во ноќен термин. Екипи-учесници на тој настан биле кочанска ФД Македонија, ФД 11 Октомври од Куманово и виничка Слога. Иако фудбалскиот натпревар требал да биде помеѓу Македонија и 11 Октомври, поради доцнењето на кумановската екипа, како замена дошла Слога. Затоа прво заиграле Македонија и Слога, но по десет минути игра, бидејќи дошле кумановските играчи, бил одржан планираниот натревар Македонија-11 Октомври. Натпреварот завршил 4:3 за кочанските играчи. Поради рефлекторите и слабата електрична мрежа, речиси цело Кочани останало без струја. Составот на Македонија од тој меч биле: Максимов, Стојанов, Веселинов, Јорданов, Пикалски (Коцев), Абазов, Христов (учителот), Љ. Алексисев, Димитров (Ефката), Божинов, Ибраимов, Кузмановски, Симеонов.[1]
1950-ти
уредиВо 1958 година ноќен натпревар бил одигран во Битола меѓу Пелистер и кумановски КСК.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Миодраг Мицковиќ (10 јуни 2020). „СПОРТСКИ ВРЕМЕПЛОВ: Поради фудбалот цело Кочани остана без струја“. ekipa.mk преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2020-06-11. Посетено на 11 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)