Фритата
Фритата е италијанско јадење врз база на јајца слично на омлет или кајгана, збогатено со дополнителни состојки како што се месо, сирење и зеленчук. Зборот frittata е италијански и се преведува како „пржено“.
Вид | Омлет |
---|---|
Земја на потекло | Италија |
Главни состојки | јајца, зеленчук, месо, сирење |
Cookbook: Фритата на Викикниги
|
Историја
уредиИталијанскиот збор frittata доаѓа од зборот friggere што значи „да се пржи“. Ова првично било општ термин за пржење јајца во тава, на спектарот: од пржени јајца, преку конвенционалниот омлет, до италијанската верзија на шпанскиот омлет, направен со пржени компири. Надвор од Италија, фритата се сметала за еквивалент на „омлет“ барем до средината на 1950-тите.[1]
Во последните педесет години фритата стана термин за варијација на она што Делија Смит го опишува како „италијанска верзија на омлет“.[2] Кога се користи во оваа смисла, постојат четири клучни разлики од конвенционалниот омлет:
- Секогаш постои најмалку една изборна состојка, а таквите состојки се комбинираат со смесата од изматени јајца додека јајцата сè уште се сурови[3][4] наместо да се ставаат над смесата од речиси пржени јајца пред да се свиткаат, како во обичен омлет.[5]
- Јајцата може силно да се матат за да се внесе повеќе воздух во нив од традиционалните солени омлети, за да се овозможи подлабоко полнење и повоздушен резултат.
- Смесата се готви на многу тивок оган, побавно од омлет, најмалку пет минути, обично 15, додека долната страна не се испече, а горниот дел сè уште да биде течен.[2][6]
- Делумно зготвената фритата не се витка за да ја затвори содржината како омлет, туку или целосно се превртува,[7] или накратко се пече на скара за да се испече горниот слој, или се пече околу пет минути.[8]
Состојки
уредиФритата наликува на класичен омлет, единственото нешто е што состојките се мешаат со изматени јајца кои се печат, а на крајот се печат во рерна. Може да се сервира во тава или да се преврти на поголема чинија. Состојките на фритата се:
- Јајца: задолжително - зеленчук: блитва, спанаќ, кромид, тиквички, домати, пиперки, аспарагус, праз, компир,[9] брокула.
- Сирење: кашкавал, пармезан, рикота, моцарела, фета, бело сирење.
- Месо: сланина, шунка, суво месо, колбаси
- Зачини: власец, оригано, магдонос, мајчина душичка[10] печурки
- Варени тестенини.[11]
Рецепти и одлики
уредиФритатата не смее да биде тенка, се прави од 4, 5 или 6 јајца, во кои се додава рендан пармезан, бибер и сол. Во тавче или тепсија на масло се пржи кромид, сечкана црвена пиперка, брокула, сланина, покријте ги со јајцата и измешајте. Можете се додаде парчиња моцарела, фета или козјо сирење и некој друг зеленчук (спанаќ, зелка, карфиол ...). Кога ќе се испече, се превртува или се става да се запече во рерна.
Фритата може да се јаде за појадок или како лесен ручек, а може да се спакува и за на пат.[12][13]
Се смета за здрав и нутритивно вреден оброк.[14]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Elizabeth David (1954). Italian Food. Barrie & Jenkins (објав. April 5, 1990). ISBN 978-0-7126-2000-0.
- ↑ 2,0 2,1 Delia Smith (1998). Delia's How To Cook. Book One. BBC Worldwide. стр. 48–49. ISBN 0-563-38430-1.
the Italian word here is lentamente—very slowly
- ↑ Robert Carrier (1963). Great Dishes of the World. Sphere Books (објав. 1967). стр. 121. ISBN 0-7221-2172-5.
- ↑ Sarah Brown (1984). Vegetarian Cookbook. HarperCollins. стр. 127. ISBN 0-7225-2694-6.
- ↑ H L Cracknell and R J Kaufmann (1972). Practical Professional Cookery. Macmillan (објав. 1973). стр. 114–119. ISBN 0-333-11588-0.CS1-одржување: користи параметар authors (link)
- ↑ Nigel Slater (1992). Real Fast Food. Penguin Books (објав. 2006). стр. 39–40. ISBN 978-0-14-102950-4.
- ↑ Gillian Riley (1 November 2007). „Eggs“. The Oxford Companion to Italian Food. Oxford University Press. стр. 168.
- ↑ Jamie Oliver. „roasted chilli frittata“. Jamie magazine issue 7. Архивирано од изворникот на 2011-02-20.
- ↑ Андонов, Јелена. „Fritata sa krompirom“. bonapeti.rs. Посетено на 9 март 2021.
- ↑ „Фритата, јело од остатака хране из фрижидера и шпајза“. soibiberblog.com. Посетено на 9 март 2021.
- ↑ Petrović, Katarina. „Fritata“. gastronomad.rs. Посетено на 9 март 2021.
- ↑ „За понети или да понесем - Језичке недоумице“. Писменица (англиски). 2015-10-05. Посетено на 2021-03-15.
- ↑ „Znate li šta je Frittata?“. idemutrst.com. Архивирано од изворникот на 27 февруари 2021. Посетено на 9 март 2021.
- ↑ Вујичић, Јасна. „Fritata: brz i zdrav doručak“. nadijeti.com. Посетено на 9 март 2021.