Моцарела (италијански mozzarella) е вид млечен производ кој има потекло од италијанските региони Кампанија, Апулија, Базиликата и дел од Лацио. Се добива од млеко од биволица или од крава.

Сирење моцарела
Mоцарела

Употреба

уреди

Моцарелата е заштитен италијански прозивод кој наоѓа широка употреба во гастрономијата. Најчесто се јаде природна, заедно со шунка и масло или како прилог во салати: типична е салатата капрезе со домати, оригано, босилек и маслиново масло. Моцарелата многу се употребува и во подготвување на пица, калцоне и панцерота.

Моцарелата, во сите свои варијанти, препорачливо е да се употребува заклучно пет дена од нејзиното производство.

Хранливи вредности

уреди

100 грама моцарела ги содржи следните хранливи состојки:

Енергетска вредност 1250 kJ / 300 kcal
Белковини 22 g
Масти 22 g
Јаглехидрати 2.2 g
Вкупно шеќери 1.0 g
Калциум, Ca 500 mg
Фосфор, P 350 mg
Калиум, K 76 mg
Натриум, Na 630 mg

Надворешни врски

уреди