Омлет (фр.: omelette) е француско јадење кое се подготвува од скршени јајца во засолено млеко (може и со вода) и испржени во тиган.

Омлет со гарнир од марула.

Во омлетот можат да се додадат зеленчуци и различни млечни производи, месо и колбаси, од кои најпопуларни се: сирење, исечкана шунка (или друг колбас), печурки, лук, магдонос и др., што зависи од самиот готвач.

Во различните национални кујни постојат повеќе видови на омлет: шпански тортиља, италијански фритата, јапонски ому-рајсу и ому-соба, со ориз и морски плодови.

Омлетот е популарно јадење во светот поради лесната и брза подготовка, како и поради својата хранлива вредност и различните вкусови добиени благодарение на додатоците.

Поврзано

уреди