Блитва
Блитва (Beta vulgaris var. cicla) — зеленчук којшто најчесто се користи во средоземната кујна. Како двегодишно растение, во првата година развива длабок и разгранет корен, кој во горниот дел е задебелен, скратено стебло и богата лисна розета. Во втората година развива разгрането цветно стебло во висина до еден метар. Блитвата се одгледува заради листот. Во исхраната се користи во комбинација со различни градинарски култури. Слична е на спанаќот. Блитвата е лековито и корисно растение кое претставува добар диуретик, а може да се користи и против слабокрвност.
Блитва | |
---|---|
Блитва | |
Вид | Beta vulgaris |
Подвид | Beta vulgaris subsp. vulgaris |
Сортна група | Cicla Group, Flavescens Group |
Потекло | Sea beet (Beta vulgaris subsp. maritima) |
Членови на групата | Many; see text. |
Потекло
уредиБлитава најмногу се користи во средоземната кујна, а како земја родилка на блитвата се смета Грција, бидејќи уште во 4 век п.н.е., Аристотел пишувал за неа. Подоцна, Грците блитвата ја употребувале за медицински потреби.
Одгледување
уредиБлитвата заедно со кељот се едни од листовидните зеленчуци кои растат како високи зелени зеленчуци, со крцкаво стебло, чии листови може да бидат во најразлични бои како црвена, жолта или бледо зелена и темнозелена. Блитвата спаѓа во истата фамилија зеленчуци во кои спаѓаат репката и спанаќот и го делат речиси истиот вкус: доза на горчливост и малку солена нишка во листовите. И листовите и стеблата на блитвата сможат да се јадат, иако листовите се помеки и нивната текстура е пофина за конзмирање, за разлика од стеблото кое може да се користи во супи или чорби.
Блитвата поседува голема прилагодливост помеѓу почвата и климатските фактори. Оптимална температура за поникнување е 16 – 24°. При температура од 5 – 10° растението има слаб пораст, а оптимална температура за раст и развој е 16 – 20°.
Во текот на одгледувањето потребна е поголема количина на вода, посебно во подрачја каде се појавува недостаток на вода или пак таа е нерамномерно распоредена. Во текот на одгледувањето потребни се 5 – 6 наводнувања за да се постигнат оптимални приноси. Тоа зависи од периодите дали се врнежливи или сушни.
Блитвата е богата со магнезиум, железо, витамин Е, калиум, калциум, витамини б2 и б6, цинк и уште многу витамини, а има само 35 калории.
Галерија
уредиНадворешни врски
уредиВидете Блитва во Викиречник, слободниот речник. |
„Блитва“ на Ризницата ? |