Жан Огист Доминик Енгр

Жан Огист Доминик Енгр (француски: Jean-Auguste-Dominique Ingres; 29 август 1780 - 14 јануари 1867) бил француски сликар, претставник на академската уметност.

Жан Огист Доминик Енгр
Jean Auguste Dominique Ingres
Енгр, автопортрет 1803
НационалностФранцузин
ОбразованиеЖак-Луј Давид
Познат(а) посликарство и вајарство
Правецакадемизам
НаградиРимска награда,
Pour Le Merité

Животопис

уреди

Енгр е роден во јужниот дел на Франција, во семејство на сликари, вајари и писатели. Најпрвин студирал на Факултетот за религија во родниот град, а потоа учел во уметничкото училиште во Тулуза (1791-1797). Таму, Енгр се запознал со делата на италијанската ренесанса (особено, Рафаел) и со делата на неговиот следен професор, Жак-Луј Давид. Во август 1797 година, Енгр заминал во Париз, каде што првично учел во училиштето во Лувр, а во 1799 се префрлил во École des Beaux-Arts (Школата за убави уметности). Првично, Енгр сликал стандардни теми од антиката, но наскоро сфатил дека не е доволно само да го копира античкиот свет, и покажал жив интерес за природата. Енгр починал на 14 јануари 1867 година од пневмонија.

Творештво

уреди

Енгр првично бил под силно влијание од неговиот учител, Жак-Луј Давид. Од овој период се сочувани неколку слики, претежно машки актови. Но, подоцна, Енгр станал зрел уметник и неговите портрети спаѓаат меѓу исклучителни остварувања на францускиот портрет од 19 век. Меѓу неговите најпознати дела се:

  • Мадона со дете
  • Едип и Сфингата
  • г-ѓа Ривиер

Значење и влијание

уреди

Една песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич се вика „Енгровата одалиска“.[1]

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди
  1. Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 312-313.