Вангел Георгиев
Вангел Георгиев Начев, наречен Вангел Сребренски, во Грција познат како Вангелис Стрембениотис или Вангелис Георгиу или Вангелис Нацис (Βαγγέλης Στρεμπενιώτης, Γεωργίου или Νάτσης) e андартски капетан, деец на Елиномакедонскиот комитет и учесник во Борбата за Македонија.
Вангел Георгиев | ||
Роден | 1876 Сребрени, денес Грција | |
---|---|---|
Починал | 12 мај 1904 Ајтос, денес Грција |
Животопис
уредиВангел Георгиев е роден во 1876 година во леринското село Сребрено (Сребрени), денес Аспрогија, Грција. Грчкиот костурски митролоплит Карвангелис успеал да го придобие за грчката кауза во Македонија и била формирана првата месна андартска чета од 15 души.
Во јуни 1903 година четата на Георгиев се сретнува со критската чета на Георгиос Перакис и заедно почнале да ги проследуват четите на Македонската револуционерна организација [1].
Вангел Георгиев зедно со турските војски водел борба со четата на војводата Воти Кирчев, кој бил ранет и заробен од аскерот [2].
Во текот на Илинденското востание четата на Вангел составена од 50 души заедно со турскиот аскер несупешно ја заштитувале Клисура од четите на Македонската револуционерна организација [3][4]
На 12 мај 1904 година Вангел Георгиев со својата чета ја напуштиле Битола но во околината на село Ајтос наишле на заседа во која Георгиев бил убиен.
Во 1960 година во Костур е подигнат споменик со ликот на Вангел Георгиев, односно Вангелис Стрембениотис.
-
Вангел Георгиев со своите деца.
-
Ќерката Вангел Георгиев.
Извори
уреди- ↑ Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, МНИ, София, 1996, стр. 44-45.
- ↑ „Βαγγέλης Στρεμπενιώτης“. Архивирано од изворникот на 2009-06-08. Посетено на 2010-12-28.
- ↑ Дневник на Киряк Шкуртов, во: „Дневници и спомени за Илинденско-Преображенското въстание“, Издателство на Отечествения фронт, София, 1984, стр. 63.
- ↑ Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, МНИ, София, 1996, стр. 46.