Отвори го главното мени

Ивано Балиќ (Сплит, 1 април 1979) е поранешен хрватски ракометар .

Ивано Балиќ
Ivano Balic.jpg
Лични податоци
Име и презиме Ивано Балиќ
Роден(а) 1 април 1979 (1979-04-01) (40 г.)
Сплит, Хрватска
Националност Хрватска Хрват
Спорт Handball pictogram.svg Ракомет
Висина 1,89 м
Позиција Среден бек
Клупски податоци
Сениорски клубови
1997–2001
2001–2004
2004–2008
2008–2012
2012–2013
2013–2015
Хрватска РК Сплит
Хрватска РК Меткович
ШпанијаРК Портланд
Хрватска РК Загреб
Шпанија РК Атлетико Мадрид
Германија РК Вецлар

Пред да почне да тренира ракомет, долги години  тренирал кошарка во тогашниот клуб Југопластика. Ракомет почнал да игра во РК Сплит. Балич бил член на хрватскиот национален тим кој го освоил светскиот ракометен шампионат во 2003 година  во Португалија. На Олимписките игри во 2004 година тој го освоил златниот медал. Во 2005 година на Светското првенство Тунис го освоил сребрениот медал.

Балич, од страна на Меѓународната ракометна федерација бил прогласен за играч на годината во 2003 година и бил исто така избран за најдобар ракометар во Хрватска. По РК Меткович, тој се преселил во РК Портланд Сан Антонио. На Европското Првенство 2006 во Швајцарија бил избран во најдобриот тим на првенството и бил именуван за најдобар играч на шампионатот.

На светското првенство во Германија во 2007 година бил прогласен за најдобар играч во светот и покрај фактот дека Ракометната репрезентација на Хрватска го завзела само петтото место.

Тој бил два пати добитник на Државната награда за спорт "ФрањоБучар" во 2004 година  како поединец и како член на Хрватската  ракометна Репрезентација.

Според анкетата на официјалната веб страна на Меѓународната Федерација на ракометот ја има освоено титулата за најдобар ракометар на сите времиња, пред на Никола Карабатич и Талант Душебаев[1]

НаводиУреди