Разигрувач (ракомет)

Разигрувач, центар, централен бек или плејмејкер – во ракометот е играч чија позиција е во центарот на теренот. На некој начин играчот на оваа позиција е организатор на играта на екипата во напад.

На шемава е прикажана „одбрана 6-0“, разигрувачот ја зазема позицијата А3 во напад и D4 во одбрана.

Улогата на разигрувачот е да организира напади заедно со бековите и за истите да ги извести останатите членови на екипата. Центрите вообичаено се играчите кои реализираат најголем број на клучни додавања до пикерите. Се разликуваат два вида разигрувачи. Може да бидат играчи кои подеднакво може да играат на позициите на бек и на плејмејкер (како Талант Душебаев, Никола Карабатиќ или Даниел Нарсис), или помали играчи кои ја користат својата брзина и еластичност за да влезат во противничката одбрана, како Ивано Балиќ, Љубомир Врањеш или Лука Циндриќ, или дури одредени крила како Михаел Гигу.

Познати разигрувачи (мажи)

уреди

Познати разигрувачи (жени)

уреди

Поврзано

уреди