Канадски долар (ISO 4217:CAD, бројчен код: 124) е официјална валута на Канада уште од 1858 година. Обично се означува со симболот за долар - $, или алтернативно - C$ за да се разликува од останатите доларски валути. Канадскиот долар се дели на 100 центи.

Канадски долар
Dollar canadien (француски)
банкнота од 20 доларимонета од 1 долар (loonie)
ISO 4217
КодCAD
Составници
Подединица
 1/100цент (англиски) и су (колоквијално) (француски)
Симбол$ или C$
цент (англиски) и су (колоквијално) (француски)¢
Прекарлуни, бак (англиски)
Huard, piastre (обично се изговара пиасè) (француски)
Банкноти
 Чести$5, $10, $20, $50
 Ретки$100
Монети
 Чести1¢, 5¢, 10¢, 25¢, $1, $2
 Ретки50¢
Демографија
Офиц. корисници Канада
Неофиц. корисник/ци Свети Петар и Микелон (Франција) (заедно со еврото)
Издавач
Централна банкаБанка на Канада
 Мреж. местоwww.bankofcanada.ca
ПечатарCanadian Bank Note Company, BA International Inc.
КовачницаRoyal Canadian Mint
 Мреж. местоwww.mint.ca
Вредност
Инфлација2.1% (2010)
 ИзворThe World Factbook, 2009 est.

Во употреба се банкноти од 5, 10, 20, 50 и 100 долари и монети во апоени од 2$, 1$, 25 центи, 10 центи, 5 центи и 1 цент. Монетата од 50 центи е ретка. Банкнотите од 2 и 1000 долари од 1986 г. до денес се повлечени од употреба.

Популарен назив за монетата од еден долар е “бак“ (назив за мажјак на дабар)[1] (анг. buck) или „луни“ (loonie), затоа што на него е прикажана канадска гуска (анг. loon). По аналогија името за монетата од два долари е „туни“ (toonie). Монетата од 25 центи се нарекува „квотер“ (анг. quarter), а 1 цент уште се нарекува и „пени“ (анг. penny).

Франкофонските Канаѓани монетата од еден долар ја викаат „уар“ (франц. Huard).

Наводи

уреди
  1. „Canadian Heritage — Other National Emblems — The beaver“. Canadian Heritage. Архивирано од изворникот на 2018-12-26.

Надворешни врски

уреди