Фердинанд I (Австрија)

(Пренасочено од Фердинанд I од Австрија)

Фердинанд I (германски: Ferdinand I.; 19 април 1793 - 29 јуни 1875) бил Австриски цар од март 1835 година до неговото абдицирање во декември 1848 година. Тој исто така бил крал на Унгарија, Хрватска и Бохемија (како Фердинанд V), крал на Ломбардија-Венеција и носител на многу други помали титули. Поради неговиот цврст, пасивен, но добронамерен карактер, бил наречен Добриот (германски: Der Gütige) или Добронамерниот (чешки: Ferdinand Dobrotivý, полски: Ferdynand Dobrotliwy).[2]

Фердинанд I и V
Портрет од Едуард Едлингер (1843)
Цар на Австрија
Крал на Бохемија
Крал на Унгарија
На престол2 март 1835 – 2 декември 1848
Крунисување28 септември 1830, Пресбург
7 септември 1836, Прага
ПретходникФранц I
НаследникФранц Јосиф I
Лидер на Президиалмахтот во Австрија
На позиција2 Март 1835 – 12 Јули 1848
ПретходникФранц I
НаследникФранц Јосиф I
Роден(а)19 април 1793(1793-04-19)
Виена, Австрија[1]
Починал(а)29 јуни 1875(1875-06-29) (возр. 82)
Прага, Австроунгарија[1]
Почивалиште
Царската крипта во Виена
СопружникМарија Ана од Савоја
 (в. 1831)
Полно име
германски: Ferdinand Karl Leopold Joseph Franz Marcelin
македонски: Фердинанд Карл Леополд Јозеф Франц Марселин
ДинастијаХабсбург-Лотаринги
ТаткоФранц II
МајкаМарија Тереза од Неапол и Сицилија
ВероисповедРимокатоличка црква
ПотписФердинанд I и V's signature

Како најстар син на царот Франц I, го наследил на престолот по смртта на неговиот татко на 2 март 1835 година. По револуциите од 1848 година, Фердинанд абдицирал на 2 декември 1848 година. Него го наследил неговиот внук Франц Јосиф. По абдицирањето, живеел во палатата Храдчани во Прага, до неговата смрт во 1875 година.[3]

Фердинанд се оженил со Марија Ана од Савоја, шестото дете на Виктор Емануел I од Сардинија. Тие немале деца.

Биографија

уреди

Детство и младост

уреди

Фердинанд е најстар син на Франц II, царот на Светото Римско Царство и Марија Тереза од Неапол и Сицилија. Веројатно како резултат на генетската блискост на неговите родители (тие биле двојни први братучеди), Фердинанд страдал од хидроцефалија, невролошки проблеми, како и епилепсија, и имал говорна мана.

Владеење

уреди
 
Крунисувањето на кралот Фердинанд V во 1836 година во Прага

Фердинанд се прикажува како малоумен и неспособен да владее. Сепак, иако имал епилепсија, доследно водел читлив дневник, па дури се вели и дека бил прониклив и духовит. Покрај тоа успеал да совлада пет странски јазици и научил да свири пијано. Сепак, бил во лоша здравствена состојба и честите напади на епилепсија (дваесет напади на ден) сериозно ја ограничиле неговата способност ефикасно да владее. Иако не бил прогласен за неспособен, неговиот татко, пред да умре, оставил тестамент во кој побарал за време на владеењето Фердинанд сите аспекти на внатрешната политика да се консултира со Регентскиот совет (вујко му надвојводата Луј, Коловрат и принцот Метерних, австрискиот Министер за надворешни работи).

Кога Фердинанд се оженил со принцезата Марија Ана од Савоја, дворскиот лекар сметал дека е малку веројатно дека бракот ќе успее.[4] Најзапаметен е по заповедта до својот готвач: кога му рекле дека не може да му направат кнедли од кајсии (Marillenknödel) затоа што немало кајсии во тоа годишно време, тој рекол „Јас сум царот и сакам кнедли!“ (германски: Ich bin der Kaiser und ich will Knödel!).[5][6]

Револуцијата од 1848 година

уреди
 
Саркофагот на Фердинанд, Царската крипта, Виена

Кога револуционерите од 1848 година се упатиле кон палатата, се претпоставува дека побарал објаснување од Метерних. Кога Метерних му одговорил дека започнале револуција, Фердинанд наводно рекол „Но, дозволено ли им е? (Виенски германски: Ja, dürfen's denn des?) Принцот Феликс од Шварценберг го убедил да абдицира во корист на неговиот внук Франц Јосиф (следен во редот за престолот бил помладиот брат на Фердинанд, Франц Карл, но и него го убедиле да се откаже од правата на наследување во корист на неговиот син) кој останал на австрискиот престол во следните шеесет и осум години.

Фердинанд ги запишал настаните во својот дневник: „Аферата заврши така што новиот цар клекна пред својот стар цар и Господ, односно мене, и побара благослов, кој му го дадов, ги ставив двете раце на неговата глава и го направив знакот на светиот крст... потоа го прегрнав и го бакнав нашиот нов господар, а потоа отидовме во нашата соба. Потоа јас и мојата драга сопруга ја слушнавме светата миса... После тоа јас и мојата драга сопруга ги спакувавме куферите“.

Во пензија (1848-1875)

уреди
 
Фотографија на остарениот Фердинанд во 1860-тите

Фердинанд бил последниот крал на Бохемија кој бил крунисан како таков. Поради неговите симпатии кон Бохемија (каде што го поминал остатокот од својот живот во Прашкиот замок) го добил чешкиот прекар „Фердинанд Добриот“ (Ferdinand Dobrotivý).

Фердинанд бил и последниот владетел кој бил крунисан со железната круна на Ломбардија во својство на крал на Ломбардија-Венеција .

Тој е погребан во гробот број 62 во Царската крипта во Виена.

Титули и почести

уреди

Ги користел титулите:[7]

Неговото Царско и Апостолско Величество Фердинанд Први, по Милост Божја

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1   Chisholm, Hugh, уред. (1911). „Ferdinand I. of Austria“ . Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press.
  2. Thomas Nipperdey: Deutsche Geschichte 1800-1866.
  3. van der Kiste, p 16
  4. van der Kiste, John.
  5. According to A.J.P. Taylor, he was in fact asking for noodles - "But it is an unacceptable pun in English for a noodle to ask for noodles" - The Habsburg Monarchy 1809–1918
  6. Regan, Geoffrey.
  7. Velde, Francois R. „Royal Styles“. www.heraldica.org.