Фелдкирх
Фелдкирх (германски: Feldkirch) — град во покраината Предарлска, Австрија на границата со Швајцарија и Лихтенштајн. Градот е администартивен центар на округот Фелдкирх. По Дорнибирн, тој е втор најголем град во Предарлска во поглед на бројот на жители, пред главниот град Брегенц, кој има нешто помал број на население. Најзападната точка во Австрија се наоѓа во Фелдкирх на реката Рајна, на тромеѓата помеѓу Австрија, Швајцарија и Лихтентајн.
Фелдкирх | ||
---|---|---|
Локација во Австрија | ||
Координати: 47°14′17″N 09°35′54″E / 47.23806° СГШ; 9.59833° ИГД | ||
Држава | Австрија | |
Покраина | Предарлска | |
Округ | Фелдкирх | |
Управа | ||
• Градоначалник | Вилфред Берчтолд | |
Површина | ||
• Вкупна | 34,35 км2 (1,326 ми2) | |
Надм. вис. | 458 м | |
Население (1 јануари 2014) | ||
• Вкупно | 31.428 | |
• Густина | 910/км2 (2,400/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Поштенски факс | 6800 | |
Повик. бр. | 25522 | |
Регист. таб. | FK | |
Мреж. место | feldkirch.at |
Историја
уредиПрекрасниот средновековен град, кој останува добро зачуван до ден денес, првпат бил спомнат како град во 1218 година, откако грофот Гуго фон Монфорт го изградил Шатенбург, замок кој сѐ уште претставува голем обележје на Фелдкирх. Друга знаменитост во градот е катедралата „Св. Никола“ од доцниот готски период. Фелдкирх бил родно место на Георг Јоаким Ретик, и моментално е седиште на епархијата Фелдкирх. Од 1651–1773 и од 1856–1979, во градот функционирало усусовото училиште „Стела Матутина“.
Во март 1799 година во градот се одвиле два судира помеѓу силите на првата француска република и Хабсбуршката Монархија. На 7 март, Никола Удино со 9,000 француски војници го поразил Фридрих Хоце кој имал 6,000 австријци. Битката кај Фелдкирх се случила на 23 март, кога Андре Масена и 12,000 французи биле победени од Фрањо Јелачиќ и 5,500 австријци.[1]
Единици на градот
уреди- Фелдкирх (3199 жители)
- Левис (2372 жители)
- Алтенштадт (4889 жители)
- Гисинген (8622 жители)
- Нофелс (3808 жители)
- Тостерс (5397 жители)
- Тисис (4958 жители)
Движење на население
уредиСообраќај
уредиФелдкирх има сопствена градска автобуска мрежа од 1993 година, која се состои од 8 линии вклучувајќи ги автобусите кои се движат северно кон соседен Лихтенштајн. Автобуската мрежа е во склоп на автобуската мрежа на Предарлска која нуди неколку регионални линии кои започнуваат и завршуваат во Фелдкирх. Исто така постои и таканаречена „ноќна линија“ која поврзува различни градови и дискотеки низ целиот град.
Железничката станица во Фелдкирх се наоѓа на главната железничка линија која минува низ Предарлска.
Клима
уредиКлиматски податоци за Фелдкирх | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 2 (36) |
4 (39) |
9 (49) |
14 (58) |
18 (65) |
22 (72) |
24 (75) |
23 (73) |
19 (66) |
13 (56) |
7 (45) |
2 (36) |
13 (56) |
Прос. ниска °C (°F) | −4 (24) |
−4 (25) |
0 (32) |
4 (39) |
8 (46) |
11 (52) |
13 (55) |
13 (55) |
10 (50) |
5 (41) |
1 (34) |
−3 (26) |
4 (40) |
Прос. врнежи мм (ин) | 69 (2.7) |
53 (2.1) |
66 (2.6) |
84 (3.3) |
109 (4.3) |
137 (5.4) |
163 (6.4) |
155 (6.1) |
112 (4.4) |
81 (3.2) |
71 (2.8) |
69 (2.7) |
1.158 (45,6) |
Извор: Weatherbase [2] |
Збратимени градови
уредиНаводи
уреди- ↑ Smith, Digby (1998). The Napoleonic Wars Data Book. London: Greenhill. стр. 146–148. ISBN 1-85367-276-9.
- ↑ „Weatherbase: Historical Weather for Feldkirch, Austria“. Weatherbase. 2011. Посетено на November 24, 2011.
Надворешни врски
уреди„Фелдкирх“ на Ризницата ? |
Википатување има туристички водич за Feldkirch. |