Сонора (пустина)
Сонорската Пустина е сушен предел во западниот дел на Северна Америка. Зафаќа површина од 310.000 км2 и се протега во југозападна Аризона и југоисточна Калифорнија во САД и во северна Долна Калифорнија и запдниот дел од Сонора во Мексико. Колорадо и пустината Јума, исто така, се делови од пустината Сонора. Со системи за наводнување се создадени многу земјоделски области, особено Коачела и Империјалната долина. Топлите зими на Сонорската Пустина ги привлекуваат туристите на одморалиштата како Палм Спрингс, Тускон и Феникс. Индијанските резервати (Папаго, Пима) се сместени тука.[1]
Наводи
уреди- ↑ Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, книга 10, стр. 61