Фарел
Фарел (германски: Varel) — град во округот Фризија, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа близу реката Јаде и Јадскиот Залив, околу 15 километри јужно од слободниот град Вилхелмсхафен. Тој претставува најголем град во округот Фризија.
Фарел
Varel | |
Основниот суд во Фарел | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Фризија |
Градски единици | 32 |
Градоначалник | Герд-Кристијан Вагнер (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 113,53 км2 |
Надм. височина | 0 - 12 м |
Население | 24.397 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 215 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | FRI |
Пошт. бр. | 26316 |
Повик. бр. | 04451 |
Портал | www.varel.de |
Местоположба на градот Фарел во рамките на округот Фризија | |
Координати | 53°23′49″N 8°08′10″E / 53.39694° СГШ; 8.13611° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиФарел се наоѓа јужно од Јадскиот Залив на Северното Море. Источно од Фарел тече реката Вапел, која се влива во Јаде.
Соседни општини
уредиФарел на исток се граничи со општината Јаде во округот Везермарш. На југ се граничи Фарел со општините Раштеде и Вифелштеде во округот Амерланд, а на запад со општината Бокхорн. Фарел се наоѓа на крајниот југоисток од округот Фризија.
Градски единици
уредиФарел е составен од 21 градска единица, како што се местата: Алтјирден, Боргштеде, Бипел, Дангаст, Дангастермор, Гриненкамп, Хоелухт, Хоенберге, Јерингхафе, Јетхаузен, Лангендам, Морхаузен, Нојдорф, Нојенвеге, Обенстрое, Раленбишен, Розенберг, Зегхорн, Штрек и Винкелсхајде.
Други помали места се Алмзе, Брамлоге, Бруне, Јетхаузермор, Логемор, Плагенкруг, Ралинг, Ротенхан, Шварценберг, Танге, Фарелер Шлојзе и Вилкенхаузен.
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет се состои од 32 избрани членови, иако треба да има 34 члена за градови со број на жители помеѓу 20.001 и 25.000 жители.[2] На заклучок на Градскиот совет овој број е намалена за два члена. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:[3]
Партија | Удел на гласови | Број на места | Разлика (гласови) | Разлика (места) |
---|---|---|---|---|
SPD | 27,27 % | 9 | −2,56 % | −1 |
CDU | 19,65 % | 6 | − | 2,10 %−1 |
Иднина Фарел | 28,62 % | 9 | +13,36 % | +4 |
Grüne | 9,18 % | 3 | − | 1,65 %0 |
BBV | 4,25 % | 1 | − | 1,33 %−1 |
FDP | 4,59 % | 1 | + | 1,07 %0 |
Die Linke | 2,43 % | 1 | + | 0,59 %+1 |
Независен Брајтенфелт | 2,03 % | 1 | + | 2,03 %+1 |
Независен Вестерман | 1,92 % | 1 | + | 1,92 %+1 |
Градоначалник
уредиНа последните избори за градоначалник на 16 јуни 2014 година бил избран Герд-Кристијан Вагнер (SPD).
- Список на поранешни градоначалници
- 1945–1946: Адолф Хајденрајх, SPD
- 1946–1948: Бернхард Албрехтс, FDP
- 1948–1949: Адолф Хајденрајх, SPD
- 1949–1950: Бернхард Албрехтс, FDP
- 1950–1952: Адолф Хајденрајх, SPD
- 1952–1961: Карл Нирад, CDU
- 1961–1976: Вилхелм Каман, SPD
- 1976–1981: Карлхајнц Бекер, CDU
- 1981–1996: Карл-Хајнц Функе, SPD
- 1997–2001: Ханс Фабијан, SPD
- 2001–2006: Волфганг Буш, SPD
- од 2006: Герд-Кристијан Вагнер, SPD
Збратимени градови
уредиФарел е збратимен со следниве градови:
Црквата во Фарел
уредиЦрквата на замокот или Шлоскирхе е најстарата градба во Фарел. Првиот дел на црквата се верува дека бил подигнат во 1144 година.[4] Камбанаријата била додадена помеѓу 1200 и 1250 година, првично како две кули, кои биле обновени во денешниот облик во 1651 и потоа во 1737 година. Олтарот е висок скоро 10 метри и е еден од најважните дела на северногерманскиот манеризам.
Пред протестантската реформација, светец на црквата бил Свети Петар. Денес, црквата е лутеранска и нема светец на кој е посветена. Црквата порано била една од градбите на замокот, кој бил срушен во XIX век.
Познати луѓе
уреди- Шарлот Софи Бентинк (1715–1800) — грофица на Фарел
- Јохан Герхард Онкен (1800–1884) — основач на баптистите во Европа
- Лотар Мајер (1830–1895) — хемичар
- Оскар Емил Мајер (1834–1909) — физичар
- Фредерик Лудвиг Хофман (1865–1946) — статистичар
- Вилхелм Хегелер (1870–1943) — писател
- Карл Карлс (1880–1958) — шахист
- Ерих Хекел (1883–1979) — сликар
- Карл Шмит-Ротлуф (1884–1976) — сликар
- Фридрих Вегенер (1907–1990) — патолог
- Хилдегард Беренс (1937–2009) — пејач
- Инес Фаренкамп (р. 1963) — велосипедист
- Маркус Ајхлер (р. 1982) — велосипедист
Галерија
уреди-
Железничката станица
-
Пристаништето
-
Градската црква
-
Ветерница
-
Градската шума
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 9. Dezember 2011.
- ↑ Stadt Varel – Gesamtergebnis Stadtratswahl 2016, abgerufen am 9. November 2016.
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 4 March 2016. Посетено на 4 March 2016.
Надворешни врски
уреди„Фарел“ на Ризницата ? |
- Матична страница (германски)