Ерих Хекел (германски: Erich Heckel, Дебелн Саксонија, 1883Хеменхофен, Боденско езеро, 1970) бил германски сликар и графичар и еден од претставниците на експресионизмот. После завршените студии за архитектура, се образувал како самоук сликар при што врз него значајно влијаеле Винсент ван Гог и фовистите. Во 1905 година заедно со колегите од студиите основал во Дрезден група на уметници Мост (германски Die Brücke).[1] Во изработките од овој период нанесувал на платно светли, интензивни бои пастозно, главно во аглести облици (Мома која лежи, 1909).

Спомен-плоча на улицата Меркелштрасе во Берлин, местото на поранешното ателје на Хекел

Кога групата се разишла во 1913 го ублажил интензивниот колорит и давал предност на темнозелената палета на бои (Актови на плажа, 1913). Стравотиите во Првата светска војна кои како војник на санитети ги видел во Фландрија, уметничко ги обработил на литографија и дрворез. Дваесеттите години на XX век почнал да се одвојува од експресионизмот и да ги презема елементите на Нова стварност, а сликањето пејзажи дошло во центар на неговиот интерес. Во годината 1937 забранет е како дегенеричен. Од 1949 до 1955 предавал на Академија во Карлсруе. Неговото позно дело го карактеризира хармонично-лирска мртва природа со цвеќе.

Наводи уреди

  1. „German Expressionist Chronology“. Museum of Modern Art. Посетено на 22 October 2013.

Надворешни врски уреди