Вифелштеде
Вифелштеде (германски: Wiefelstede; долногермански: Wiefelstä) — општина во округот Амерланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа помеѓу градови Олденбург и Фарел.
Вифелштеде | |
![]() | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Амерланд |
Месни единици | 20 |
Градоначалник | Јерг Пипер (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 106,01 км2 |
Надм. височина | 16 м |
Население | 16.117 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 152 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | WST |
Пошт. бр. | 26215 |
Повик. бр. | 04402 |
Портал | www.wiefelstede.de |
Местоположба на Вифелштеде во рамките на округот Амерланд | |
![]() | |
Координати | 53°15′29″N 8°07′2″E / 53.25806° СГШ; 8.11722° ИГДКоординати: 53°15′29″N 8°07′2″E / 53.25806° СГШ; 8.11722° ИГД |
Географија уреди
Општински единици уреди
Општината Вифелштеде се состои од местата Бокел, Борбек, Конефорде, Дингсфелде, Дрингенбург, Гриштеде, Хајдкамп, Херенхаузен, Холен, Хуленхаузен, Лее, Мансхолт, Метјендорф, Молберг, Нојенкруге, Нутел, Офенерфелд, Шполе, Венерфелд, Вемкендорф, Вестерхолтсфелде и Вифелштеде.
Соседни општини уреди
Соседни општини/градови/окрузи на Вифелштеде се следниве:
- Бад Цвишенан (округ Амерланд)
- Фризија (округ)
- Олденбург
- Раштеде (округ Амерланд)
- Вестерштеде (округ Амерланд)
Знаменитост уреди
Евангелистичко-лутеранската црква „Св. Јоханес“ во Вифелштеде е најстарата камена црква во областа Амерланд. Црквата била отворена во 1057 година.
Познати луѓе уреди
- Рудолф Бултман (1884-1976) — лутерански теолог и професор
Наводи уреди
Надворешни врски уреди
- Вифелштеде на Ризницата ?