Фалише

село во Општина Тетово
(Пренасочено од Фалиш)

Фалише — село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово.

Фалише
Фалише во рамките на Македонија
Фалише
Местоположба на Фалише во Македонија
Фалише на карта

Карта

Координати 41°58′48″N 21°00′25″E / 41.98000° СГШ; 21.00694° ИГД / 41.98000; 21.00694
Регион Долни Полог
Општина Тетово
Население 612 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 28086
Фалише на општинската карта

Атарот на Фалише во рамките на општината
Фалише на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото Фалише се наоѓа во Долни Полог, 7 км источно од Тетово, на левиот брег на реката Вардар.

Историја

уреди

Селото Фалише е старо село. Во средниот век (1337-1346 година), во хрисовула на Тетовскиот Манастир се споменува како Хвалише.[2] Најстарото село се наоѓало на местото Старо Фалише, на патот за Скопје.[2] Некои од жителите го формирале новото село, а потоа поради зулуми старото село било раселено. За време на турското ропство населбата станала чифчиска, а во 1917 година земјата нагло била распродадена на жителите.[2]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 30 семејства, 1 неженети и 2 вдовици, сите христијани.[3]

Стопанство

уреди

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948210—    
1953260+23.8%
1961294+13.1%
1971320+8.8%
1981510+59.4%
ГодинаНас.±%
1991570+11.8%
1994565−0.9%
2002546−3.4%
2021612+12.1%

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Фалиша — село во Желинска општина (со центар во Сараќино) и има 16 куќи и 207 жители, Македонци и Албанци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци и 50 Албанци.[5]

На пописот од 2002 година, селото имало 546 жители, од кои 519 Македонци, 19 Албанци, 7 Срби и 1 останат.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 612 жители, од кои 552 Македонци, 37 Албанци, 5 Срби, 5 останати и 13 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 16 210 260 294 320 510 570 565 546 612
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

уреди

Фалише е македонско-албанско село.

Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:

  • Македонски: Коачовци (8 к.) доселени се од Кичевско. Се делат на Трпевци, Војновци и Симуновци. Родот го основале тројца браќа Трпе, Војне и Симун. Го знаат следното родословие: Петре (жив на 70 г. во 1940-тите) Зако-Трпе, еден од браќата кои се доселиле; Ванчевци (2 к.) доселени се од селото Сушица, Порече. Го знаат следното родословие: Ѓорче (жив на 40 г. во 1940-тите) Трпе-Стојан-Ване, предокот кој се доселил; Велешани (1 к.) доселени се во 1916 година од селото Сараќино, подалечно потекло од Велешко. Овде се викаат и Мартиновци; Петревци (2 к.) доселени се во 1917 година од селото Старо Село, Порече; Апостоловци (1 к.) доселени се во 1924 година од селото Радиовце; Горанци или Стојчевци (3 к.) доселени се од селото Горанце кај Качаник; Урдовци (1 к.) доселени се во 1925 година од селото Могилец, Порече; Петковци (4 к.) доселени се во 1928 година од селото Растеш, Порече; Стојчевци (1 к.) доселени се од селото Рогачево; Димовци (1 к.) доселени се од селото Јажинце; Ѓорчевци (1 к.) доселени се од селото Одри, подалечно потекло имаат од Битолско; Милошевци (1 к.) доселени се од селото Манастирец, Порече.
  • Албански: Маршиновци (2 к.) доселени се од селото Горно Јеловце. Подалечно потекло од Љума.[2]

Општествени установи

уреди
 
Црквата „Св.Атанасиј“
Цркви

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1983 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 527 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

уреди

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Ф. Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања (српски). Српска академија наука и уметности. стр. 430.
  3. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје, 1971, стр.367
  4. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

уреди