Универзитет „Аристотел“ – Солун

Универзитет „Аристотел“ или Солунски универзитет (грчки: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης) — шестиот најстар универзитет во Грција и е меѓу највисоко рангираните високообразовни институции во Грција. Именуван е по филозофот Аристотел, кој е роден во Стагира, на околу 55 километри источно од Солун.

Универзитет „Аристотел“ – Солун
Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης
ГеслоΜούσαις Χάρισι Θῦε (Старогрчки)
ВидДржавен универзитет
Основан1925
Доделени средства
Државен
КанцеларПериклес Миткас[1]
Вицеканделар
Теодорос Лаопулос
Параскеви Аргиропулу-Патака
Аријадни Стогијаниду
Деспина Клаваниду
Николас Варсакелис
Студенти40,000 (активни)
Додипломци31,000 (активни)
Постдипломци4,520
3,952
МестоСолун, Сер (Централна Македонија), Грција
Кампус230,000 м²
ПрипадностУтрехтска мрежа
TIME
CESAER, EASN
www.auth.gr

Тој е најголемиот универзитет во Грција и на Балканот[2]. Неговиот кампус покрива 230.000 квадратни метри во центарот на Солун, со дополнителни образовни и административни објекти на други места.

Според податоци од 2014 година, универзитетот имал 40.000 активни студенти запишани на универзитетот (31.000 на додипломско ниво и 9.000 на постдипломско ниво од кои 3.952 на докторски степен) и 2.366 членови на факултетот[3]. Покрај тоа, универзитетот има 248 членови на Специјалниот наставен кадар за лабораторија и 213 членови на Специјалниот технички кадар за лабораторија. Административниот персонал се состои од 400 постојани вработени и 528 привремено вработени[4].

Јазикот на наставата се одвива на грчки, иако постојат програми на странски јазици и курсеви за странски студенти, од кои се издвојуваат на англиски, француски, германски и италијански јазик.

Историја

уреди
 
Еврејските гробишта во Солун.
 
Портата на Факултетот за инженерство.
 
Воздушен поглед кон Солун и кампусот на универзитетот Аристотел.

Универзитетот „Аристотел“ во Солун бил основан во 1925 година за време на премиерот Александрос Папанастасиу и бил основан според Законот 3341/14-6-25. Тоа бил втор грчки универзитет кој бил основан по Универзитетот во Атина, кој бил основан во 1837 година. Универзитетот е изграден покрај остатоците каде некогаш се наоѓале еврејските гробишта во Солун, додека гробиштатата била уништени за време на нацистичката окупација во Втората светска војна.

Според плановите на Елефтериос Венизелос по завршувањето на Првата светска војна, Смирна требало да биде седиште на вториот грчки универзитет, додека третиот универзитет требало да се основа во Солун. Сепак, Смирна во тоа време не била дел од Грција и плановите пропаднале по крајот на грчко-турската војна во Мала Азија. Сепак, во 1924 година, Александрос Папанастасиу одлучил да основа универзитет во Солун со цел да ја зацврсти локалната економија и култура[5].

Хронолошкиот развој на универзитетот, кој бил преименуван во Аристотелски универзитет во 1954 година, може да се подели во три фази, од кои секоја опфаќа период од околу 25 години.

Прва фаза (1926-1950)

уреди

Во текот на првата фаза од своето работење (1926-1950), универзитетот се фокусирал на Филозофскиот факултет, Факултетот за физика и математика, Правниот факултет, Богословскиот факултет и Медицинскиот факултет. Првата фаза од развојот на универзитетот завршила со основање на Факултетот за ветеринарна медицина во 1950 година, кој бил единствениот факултет за ветеринарна медицина во Грција за многу години. По овој период, некои од горенаведените факултети биле проширени со интегрирање на повеќе одделенија. Подетално, Одделенијата за фармација и стоматологија биле основани во 1955 и 1959 година, соодветно и тие биле инкорпорирани во Медицинскиот факултет. Покрај тоа, Филозофскиот факултет бил проширен со интегрирање на институтите за странски јазици (англиски, француски, германски и италијански).

Втора фаза (1951-1975)

уреди

Во текот на втората фаза (1951-1975) фокусна точка на развојот претставувал Факултетот за инженерство, исто така познат како Политехнички факултет. На почетокот, овој факултет претставувал независен институт, познат како Политехнички или Технички универзитет[6]. Затоа, во првите педесет години од своето работење универзитетот се состоел од два различни института кои работеле самостојно. Потоа, овие две образовни институции биле унифицирани. Разните училишта во рамките на Факултетот за инженерство биле основани во следниов редослед: Градежен факултет (1955-56), Факултет за архитектура (1956-57), Факултет за рурално и геодетско инженерство (1962-63), Електротехнички факултет (1972-73), Факултет за хемиско инженерство (1972-73), Факултет за математика, физика и компјутерски науки (1982-83) и Факултетот за урбано-регионално планирање и развој (2004).

Трета фаза (1975-денес)

уреди

Во текот на третата фаза од неговиот развој (1975-денес), биле основани нови одделенија заедно со претходно споменатите инженерски училишта. Покрај тоа, универзитетот се здобил со мал број одделенија кои работеле во минатото како независни институти за високо образование. Во овој период, бил формиран Факултет за ликовни уметности, заедно со сите негови составни училишта (драма, филмски студии, музички студии, визуелни и применети уметности). Дополнително, на Факултетот за новинарство и на Факултетот за физичка култура и спортски науки биле создадени независни училишта. Генерално, третата фаза од развојот на Универзитетот Аристотел се одликува не само со формирање на нови факултети, училишта и одделенија, туку и со многу големи промени во структурата на самиот универзитет.

Денес универзитетот се состои од 12 факултети, 36 училишта и бројни други единици (како што се лаборатории, простории за учење, библиотеки, клиники, истражувачки центри итн.), што го прави најголемиот универзитет во Грција и Југоисточна Европа во однос на бројот на вработените, додипломските и постдипломските студенти и понудените објекти[7]. Главно поради значајното еврејско минато и нивното присуство во Солун, универзитетот планира заедно со Еврејската заедница во Солун во 2014 година, повторно отворање на Факултетот за еврејски студии. Поранешниот еврејски факултет бил укинат 80 години пред тоа од грчкиот диктатор Јоанис Метаксас[8]. Кампусот бил изграден делумно на старите гробишта[9].

На грбот на универзитетот се наоѓа Свети Димитриј Солунски.

Факултети

уреди
Факултети Училишта
Факултет за науки
Факултет за инженерство
Факултет за здравствени науки
Факултет за филозофија
Правен факултет
  • Правна школа
Факултет за земјоделство, шумарство и природна средина
  • Факултет за земјоделство
  • Школа за шумарство и природна средина
Факултет за образование
  • Училиште на предучилишно образование
  • Училиште за основно образование
Факултет за физичка култура и спортски науки
  • Училиште за физичко образование и спортски науки
  • Факултетот за физичко образование и спортски науки во Сер
Факултет за ликовна уметност
  • Театарска школа
  • Филмска школа
  • Факултетот за музички студии
  • Факултетот за визуелни и применети уметности
Економски факултет и Политички науки
  • Економски факултет
  • Училиште на политички науки
  • Школа за новинарство и студии за масовни медиуми
Факултет за теологија
  • Училиште на теологија
  • Училиште за апостолски и социјални теологија

'Историја и припадност на училиштата'

  • Факултетот за урбано-регионално планирање и развој на факултет се наоѓа во Бер.
  • Дел од школата за Физичко образованиесе наоѓа во Сер.
  • Медицинскиот факултет е силно поврзан со Универзитетската болница.
  • Филозофијата обично се учи заедно со педагогија на грчки, за разлика од странските студенти.[10]

Наводи

уреди
  1. „Rectorate Authorities - Aristotle University of Thessaloniki“. Auth.gr. 2015-09-01. Посетено на 2016-01-20.
  2. „Aristotle University of Thessaloniki - International“. Auth.gr. 2014-02-22. Посетено на 2016-01-20.
  3. Hellenic Statistical Authority (EL.STAT.), Report on Higher Education - Students, Institutes and Faculty Staff (2013/2014), press release, November 2015 (greek)
  4. „Aristotle University of Thessaloniki - Facts and Figures“. Auth.gr. 1999-02-22. Посетено на 2016-01-20.
  5. „History of the Aristotle University“ (грчки). Auth.gr. 2003-08-28. Посетено на 2013-09-13.
  6. History of the Faculty of Engineering Архивирано на 2 јануари 2011 г.
  7. „Message by the Rector“ (грчки). Auth.gr. 2013-08-14. Архивирано од изворникот на 2012-07-17. Посетено на 2013-09-13.
  8. World Jewish Congress. „Thessaloniki University to get chair in Jewish Studies, memorial“. Посетено на 24 May 2016.
  9. Efi Ezsrati. „MONUMENT UNVEILED AT THE UNIVERSITY OF THESSALONIKI – IN MEMORY OF THE OLD JEWISH CEMETERY“. Архивирано од изворникот на 2022-01-05. Посетено на 24 May 2016.
  10. „Ειδήσεις - Επικαιρότητα“. Kapodistriako.uoa.gr. 2003-01-24. Архивирано од изворникот на 2011-07-21. Посетено на 2013-09-13.

Надворешни врски

уреди