Валис и Футуна
Валис и Футуна (француски: Wallis-et-Futuna, валиски и футунски: Uvea mo Futuna), официјално Територија Острови Валис и Футуна (Territoire des îles Wallis-et-Futuna)[4] — француска прекуморска заедница во Океанија, Тихи Океан. Северно од Валис и Футуна е Тувалу, југозападно е Фиџи, југоисточно е Тонга, источно е Самоа и североисточно е Токелау (Нов Зеланд).
Острови Валис и Футуна |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "Liberté, Égalité, Fraternité" | ||||||
Химна: La Marseillaise |
||||||
Главен град (и најголем) | Мата-Уту | |||||
Службен јазик | француски | |||||
секојдневни | ||||||
Народности | Полинезијци[1] | |||||
Демоним |
|
|||||
Независна држава | Франција | |||||
Уредување | прекуморска заедница | |||||
• | Претседател | Емануел Макрон | ||||
• | Врховен адм. | Жан-Франсис Трефел | ||||
• | Крал на Увеа | Паталион Канимоа (од 2016) | ||||
• | Крал на Ало | Филипо Катоа (од 2016) | ||||
• | Крал на Сигаве | Еуфенио Такала (од 2016) | ||||
Статус | ||||||
• | прекуморска територија | 1959a | ||||
• | прекуморска заедница | 2003 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 142,42 км2 (н.п.) | ||||
• | Вода (%) | незначително | ||||
Население | ||||||
• | проценка за март 2014 г. | 15,500[1] (228) | ||||
• | Попис 2013[2] | 12,197 | ||||
• | Густина | 57.9 жит/км2 (125) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2005 г. | |||||
• | Вкупно | US$188 милиони[3] (н.п.) | ||||
• | По жител | US$12,640[3] (н.п.) | ||||
ИЧР (2008) | ▲ 0.793 висок · 132 |
|||||
Валута | Франк (XPF ) |
|||||
Часовен појас | (UTC+12) | |||||
НДД | .wf | |||||
Повик. бр. | +681 | |||||
а. | преку гласање |
Вкупната површина на Валис и Футуна е 142.42 км2 и има население од околу 12.000 жители. Главен град на Валис и Футуна е Мата-Уту, кој воедно е и најголем град. Самата територија е составена од три вулкански тропски острови, кои се опколени со мали островчиња. Увеа (Валис) е оддалечен 260 км од Футуна и Алофи.
Историја
уредиПолинезијците ги населиле островите во околу 1000 година, кога Тонганската Империја се проширила во регионот. Првичните доселеници изградиле тврдини, некои и денес се делумно недопрени.
Футуна за првпат на европските карти била забележана од Вилен Схаутен и Јакоб Ле Мер за време на нивната експедиција околу светот во 1616. Тие ги именувале островите Футуна и Алофи како Хорнски Острови, во чест на градот Хорн во Холандија. Првите Европејци што се доселиле на островите биле Французите и пристигнувањето на француските мисионери во 1837 г. Тие го покрстиле месното население. Увеа се нарекува и Валис во чест на британскиот истражувач Семјуел Валис.[5]
На 5 април 1842 година мисионерите побарале заштита на островите од Франција бидејќи некои од месните жители организирале бунт. Така, на 5 април 1887 година Кралицата на Увеа потпишала договор и така се основал францускиот протекторат. Оваа постапка ја следеле и кралевите на Сигаве и Ало, односно кралевите на Футуна и Алофи, на 16 февруари 1888. Првично, островите биле дел од француската колонија Нова Каледонија. Валис и Футуна станале прекуморска територија во 1959 година по гласањето кое било одржано на островите и со тоа се одвоиле од Нова Каледонија.[6]
Географија
уредиВалис и Футуна се оддалечени од 362 км од Самоа на запад и 480 км североисточно од Фиџи. Територијата е составена од три острови. Увеа е најголем остров и воедно најнаселен. Потоа следува островот Футуна и ненаселениот остров Алофи. Околу овие острови има околу 20 мали островчиња кои се ненаселени. Вкупната територија на Валис и Футуна е 142 км2. Највисока точка на островите е планината Пик на Футуна со висина од 524 метри.
Островите имаат топла и дождлива сезона од ноември до април, кога има бури и тропски циклони. Од мај до октомври е сувата сезона, кога има појава на југоисточни ветришта. Просечната врнежливост е 2,500 до 3,000 милиметри на годишно просечно ниво и има најмалку 260 врнежливи денови низ годината. Просечната влажност на воздухот е 80% и просечната температура 26 степени. Температурата ретко паѓа под 24 степени.
Само пет проценти од вкупната територија на островите е обработлива. Островите се соочуваат со проблемот на опустошување на шумите, така што останал сосема мал дел од некогашната шума на островите. Алофи не е населен бидејќи нема извори на свежа вода.
Државата е составена од следниве острови:
остров | гл. град | други градови | површина (км2) | население |
---|---|---|---|---|
Валис и Футуна | Мата-Уту | Леава, Ваитупу, Алеле, Лику, Фалалеу, Утуфуа | 142.42 | 15500 |
Хорнски Острови | Леава | Фиуа, Нуку, Таоа, Малае, Оно, Веле | 64.1 | 4591 |
Алофи | 17.8 | 2 | ||
Футуна | Леава | Толоке, Фиуа, Ваисеи, Нуку, Таоа, Малае, Колопелу, Оно, Колиа, Веле, Колотаи, Лалоуа, Пои, Тамана, Туатафа, Таваи | 46.3 | 4589 |
Фаиоа | 0.68 | 0 | ||
Фенуафоу | 0.03 | 0 | ||
Фугалеи | 0.18 | 0 | ||
Сен Кристоф | 0.03 | 0 | ||
Луанива | 0.18 | 0 | ||
Нукуатеа | 0.74 | 0 | ||
Нукуфоту | 0.04 | 0 | ||
Нукухифала | Нукухифала | 0.067 | 4 | |
Нукухионе | 0.02 | 0 | ||
Нукулоа | Нукулоа | 0.35 | 10 | |
Нукутапу | 0.05 | 0 | ||
Нукутеатеа | 0.1 | 0 | ||
други | Нукуато | 0.043 | 0 | |
Текавики | 0.01 | 0 | ||
Увеа | Мата-Уту | Ваитупу, Алеле, Лику, Фалалеу, Утуфуа, Малаефоу | 75.8 | 10895 |
други | 0 | 0 | ||
Валис и Футуна | Мата-Уту | Леава, Ваитупу, Алеле, Лику, Фалалеу, Утуфуа | 142.42 | 15500 |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „World factbook: Wallis and Futuna“. Архивирано од изворникот на 2017-10-11. Посетено на 2010-02-03.
- ↑ Wallis and Futuna at Geohive
- ↑ 3,0 3,1 INSEE, CEROM. „L'économie de Wallis-et-Futuna en 2005: Une économie traditionnelle et administrée“ (PDF) (француски). Посетено на 1 July 2008.
- ↑ Loi no 61-814 du 29 juillet 1961 conférant aux îles Wallis-et-Futuna le statut de territoire d'outre-mer.
- ↑ „POP Culture: Wallis and Futuna“. Guampedia. Посетено на 2017-03-03.
- ↑ http://www.infoplease.com/ipa/A0107555.html
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Официјално мрежно место (француски)
- GigaCatholic за Валис и Футуна
- Карта на Валис и Футуна Архивирано на 3 мај 2006 г.
- Информации за Валис и Футуна Архивирано на 3 септември 2011 г. (француски)