Оваа статија е за остров во Валис и Футуна. За главниот град на Ниуе видете Алофи.

Алофи (валиски и футунски: Alofi) — остров во Тихиот Океан. Островот е дел од француската територија Валис и Футуна.

Хорнските Острови, Алофи се наоѓа југоисточно.

Географија

уреди
 
Островот Алофи.

Островот е речиси ненаселен. Според податоците од 2003 година, во селото Алофитаи, кое се наоѓа на западниот дел од островот, имало само 2 жители. До доаѓањето на Европејците островот имал поголемо население и бил доста густо населен, кога се проценува дека имал население од 1900 жители. Поранешни села на островот се Солога (на север), Савака (југоисток) и Муа (северозапад). На некои карти се појавува и селото Гајно, во северниот дел.

Алофи е на 2 км од Футуна. Футунанците имаат поседи (градини) на островот и често одат на Алофи да се грижат за посевите. Популарна билка е тутунот. Вкупната површина на островот е 32 км2 и највисока точка е Маунт Колофау со висина од 410 метри. Алофи и Футуна ги сочинуваат Хорнските Острови.

Наводи

уреди
  • Cartes institut géographique national (4902F)

Поврзано

уреди

14°21′S 178°02′W / 14.350° ЈГШ; 178.033° ЗГД / -14.350; -178.033