Добра (село)
Добра (грчки: Καλή Παναγιά, до 1927 година Δοβρά или Ντοβρά, Довра[1]) — поранешно село во Берско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Бер на округот Иматија, Грција. Традиционално било населено со Македонци.
Добра Καλή Παναγιά | |
---|---|
Координати: 40°32.40′N 22°11.15′E / 40.54000° СГШ; 22.18583° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Бер |
Општ. единица | Бер |
Надм. вис. | 280 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиДобра била разположена на 3 км северно од општинскиот центар Бер, во југоисточните падини на планината Каракамен. Крај селото е Добренскиот манастир.[2]
Историја
уредиСелото е уништено во 1822 г. при задушувањето на Негушкото востание. Обновено е во 1928 г. кога таму се доведени грчки колонисти. Во 1926 г. е преименувано во Кали Панагија, што е грчки превод на името на манастирот „Богородица Добра“ по кој е наречено селото. Поради лошите услови речиси целото село било напуштено. По Граѓанската војна (1946–1949) селото повторно е обновено како сиропиталиште за бездомни деца. По затворањето на сиропиталиштето Добра е избришана од евиденцијата на населени места.[2]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | 384 | 439 | 353 | 109 | 9 | — | — | — |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
уреди- Анастас Караташо (1764 – 1830) — револуционер
Наводи
уреди- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 2,0 2,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 9. ISBN 9989-9819-5-7.