Тумба (Гуменџиско)
Тумба (грчки: Τούμπα) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ, Грција. Сè до 1920-тите населението било населено исклучиво со Македонци.[2]
Тумба Τούμπα | |
---|---|
Поглед на селото | |
Координати: 40°56.8′N 22°32.37′E / 40.9467° СГШ; 22.53950° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки |
Општина | Пајонија |
Општ. единица | Ашиклар |
Надм. вис. | 80 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 628 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа во северозападниот крај на Солунското Поле, на исток од Гуменџе и јужно од Бојмица.[3]
Историја
уредиИмето на селото се должи на античката гробница меѓу училиштето и црквата врз која е изградена старата камбанарија. На 800 м северно од селото има уште две древномакедонски гробници — Тумбенска гробница I и Тумбенска гробница II.[4] Во 1986 г. античката населба е прогласена за заштитен споменик, а во 1996 г. гробниците го добиле истиот статус.[5]
Во Отоманското Царство
уредиВо XIX век Тумба била чисто македонско село во Ениџевардарската каза. Црквата „Св. Атанасиј“ е изградена во 1802 г. и живописана во 1864 г.[4] од славниот мајстор Дичо Зограф.[6]
Во 1870-тите во Тумба проработела бугарската пропаганда со отворањето на бугарско училиште. Ова било единственото од бојмичките бугарски училишта кое успеало да го издржи притисокот на патријаршиските црковни власти.[7] Заслуга за тоа имал[8][9] месниот големец Сали-бег Стамболи, кој бил бугарофил. Во 1874 г., кога тумбенци изразиле желба да ѝ се приклучат на новосоздадената Бугарска егзархија за да се спасат од Грците, Сали-бег дал согласност под услоив жителите тоа го прифаќаат едногласно, и така селото станало егзархиско. Бегот го снабдил бугарското училиште со книги и весници.[8] Од 1875/76 г. до 1879/80 г. во Тумба предавал Георги Пејков по неговиот „заемноучителен“ метод. Пејков повторно бил учител во Тумба во 1888/89 г., тојпат предавајќи по современи методи.[10]
На австроунгарската воена карта селото е означено како Тумба (Tumba),[11] а на картата на Кондојанис исто така се води како Тумба (Τούμπα), христијанско село.[12]
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Тумба имала 540 жители, сите Македонци христијани.[13][14]
Целото село било под врховенството на Бугарската егзархија и во него продолжила да работи бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Тумба (Toumba) имало 672 Македонци екзархисти и работело бугарско училиште.[13][15]
Кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:
„ | Тумба, 19 /III, 1 3ч. од Тошилово. 85 македонски[16] егзархиски куќи: 3⁄8 бегови и 5⁄8 својштина; истиот сооднос и за земјата. Се занимаваат со земјоделство, лозарство и бубарство. Црквата отворена, има 100 погони ниви и 1 погон црници. Откажано е од Патријаршијата пред 18 години; оттогаш постои и бугарско училиште. Училиштето е вакуф: двокатно, со низок подрум, само училница со душеме, таван, големина 6×5×2 1⁄2 м, светла.[17] | “ |
По податоци на Егзархијата во 1910 г. Тумба имала 90 семејства сочинети од 522 жители Македонци (80 чифлигари) и една црква.[13][18] Во 1909 г. властите го уапсиле поранешниот претседател на уставниот клуб во Тумба Милче Трајчев.[19]
Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Τούμπα) имало 670 егзархисти.[12][20]
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Тумба пред Балканските војни имала 45 куќи на Македонци христијани.[21]
За време на Првата балканска војна селото е заземено од бугарски чети.
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. Тумба била пропоена кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1912 г. е заведено како село со христијанска религија и македонски јазик. На пописот од 1913 г. Тумба (Τούμπα) е село со 516 жители (278 мажи и 238 жени).[12] Во 1920 г. во него се попишани 505 лица.[2] Во 1924 г. целото население со исклучок на две семејства било иселено во Бугарија, а на негово место властите довеле грчки колонисти. Ликвидирани се 74 имоти на иселените.[12] Во 1924 г. се доселиле 100 семејства од источнотракиското село Џелеп, 30 од малоазиското село Флогија и 3 од Фенерќој (Фанари), Источна Тракија.[22]
Во 1928 г. Тумба е претставено како мешано староседелско-дојденско село со 599 жители дојденци (162 семејства).[23]
До старата црква дојденците изградиле нова црква „Успение на пресв. Богородица“ која потсетува онаа што ја оставиле во Источна Тракија.[4]
Име | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
---|---|---|---|---|
Јачинот[3] | Γιατσινὸτ | Какорема | Κακόρεμα[24] | река на ЈЗ от Тумба[3] |
Посит[3] | Πόσιτ | Рематаки | Ρεματάκι[24] | река на ЈЗ од Тумба[3] |
Караагач[3] | Καραγάτς | Фтелија | Φτελιά[24] | месност на ЈЗ од Тумба[3] |
Јени Куле[3] | Γενεή Κουλέ | Ептапиргион | Έπταπύργιον[24] | месност на ЈЈЗ од Тумба[3] |
Курт Тепе[3] | Κούρτ Τεπέ | Ликовуни | Λυκοβούνι[24] | возвишение на З од Тумба[3] |
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 675 | 825 | 854 | 862 | 859 | 784 | 936 | 628 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
уредиЛичности
уреди- Родени во Тумба
- Атанас Кошничаров (1859 – по 1943) — револуционер на ВМОРО
- Вангел Кехајов (1873 – по 1943) — револуционер на ВМОРО
- Златан Христов Милушев (1896 – ?) — претприемач, преселен во Бугарија во 1925 г., сопственик на фабрика за тестенини, по 1944 г. репресиран, затворан во логорот „Белене“[25]
- Крсте Кехаев — борец во МОО од четата на Ичко Димитров, Зборна партизанска чета на МОО, во грчко заробеништво од 1 јули до 20 ноември 1913 г.[26]
- Штерјо Стојанов (1875 – ?) — борец во МОО од четата на Иван Паљошев, IV чета на XV Штипска дружина[27]
- Тане Тумбенчето — деец на ВМОРО, убиен во април 1905 г. заедно со Андон Иванов Терзиев кај Црна Река[28]
- Починати во Тумба
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 66. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 4,0 4,1 4,2 „Η Τούμπα Σημερα“. Τούμπα Κιλκίς. Посетено на 23 јуни 2014.[мртва врска]
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ43/57683/3282 π.ε./17-4-1996 - ΦΕΚ 294/Β/3-5-1996“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 9 јули 2021. Посетено на 26 јуни 2018.
- ↑ Χατζούλη, Γλυκερία Μ. „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου στο Βαφειοχώρι“. Promo.cross. Архивирано од изворникот на 5 декември 2014. Посетено на 23 јуни 2014.
- ↑ Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга втора, стр. 29.
- ↑ 8,0 8,1 Шалдевъ, Хр (1934). „Единъ заслужилъ покойникъ: учительтъ Гоно Пейковъ“ (PDF). „Илюстрация Илиндень“. София. VI (5 - 6 (55 - 56): 1. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ Албум-алманах „Македония“, София, 1931.
- ↑ Шалдевъ, Хр (1934). „Единъ заслужилъ покойникъ: учительтъ Гоно Пейковъ“ (PDF). „Илюстрация Илиндень“. София. VI (5 - 6 (55 - 56): 2. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ Generalkarte von Mitteleuropa 1:200.000 der Franzisco-Josephinischen Landesaufnahme (германски). Österreich-Ungarn. ab 1887-1914. Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help) - ↑ 12,0 12,1 12,2 12,3 „Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927“. lithoksou.net. Посетено на 17 јули 2019.
- ↑ 13,0 13,1 13,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 147. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 102–103.
- ↑ Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Хърлев, Никола (1998). Рапорт по ревизията на селските български училища в Ениджевардарската кааза през м. март 1909 год. – В: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 86.
- ↑ Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
- ↑ Дебърски глас, година 1, брой 36, 6 декември 1909, стр. 4.
- ↑ Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος (1910). Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 29.
- ↑ Портал на општината Ашиклар Архивирано на 2 август 2008..
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ 24,0 24,1 24,2 24,3 24,4 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 483. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 147): 1050. 1969. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ Петринска, Маргарита. Ениджевардарското слънце огря и Златан Милушев, в. „Македония“, година V, брой 22 (189), 7-14 юни 1994 г., с. 7.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 344. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 681. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 165.
- ↑ „Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 138, ISBN 954-9514-56-0
Надворешни врски
уреди- Тумба (Гуменџиско) на Ризницата ?