Црква „Св. Атанасиј“ - Тумба

црква во Тумба, Гуменџиско, Егејска Македонија

Свети Атанасиј (грчки: Αγίου Αθανασίου) — црква во селото Тумба, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.

Свети Атанасиј
Αγίου Αθανασίου
Христос Седржител на таванот
Карта
40°56′12″N 22°32′39″E / 40.93667° СГШ; 22.54417° ИГД / 40.93667; 22.54417
МестоТумба, Ениџевардарско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1802
Управа
ЕпархијаГуменџиско-бојмичко-ругуновска

Црквата е изградена во 1802 г.[1] или во 1805 - 1806 г.[2]

Храмот претставува трикорабна базилика со димензии 15,5 × 10 м[3] и трем од западната и јужната страна. Галеријата и припратата кои се наоѓале на запад денес не се зачувани. Карактеристична е полукржната апсида која ја опфаќа целата висина на храмот, сè до покривот.[4]

Внатрешноста на црквата е зачувана во првобитна состојба. Живописана е во 1864 г.[1] од истакнатиот тресонечки мајстор Дичо Зограф.[5] Владичкиот престол, амвонот, нишата на жртвеникот се насликани со цвеќиња и вазни. На иконостасот се претставени сцени од Старииот завет со Адам и Ева. Иконите се изработени во 1805 - 1806 г. Нишите на жртвеникот, како и фронтоните над аркадите во наосот се насликани со сцени од житието на Исус Христос.[4] Во храмот има икони од зографот Христо Сакелариев од Петрово, Ениџевардарско.[6]

Во црквата има реликвии и икони донесени во 1920-тите од грчките доселеници од Источна Тракија.[1]

Во 1987 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[3][4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Η Τούμπα Σημερα“. Τούμπα Κιλκίς. Посетено на 23 јуни 2014.[мртва врска]
  2. „Τούμπα - Ιερός Ναός Αγ.Αθανασίου“. Enjoy Kilkis. Архивирано од изворникот на 2022-05-15. Посетено на 14 март 2018.
  3. 3,0 3,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/11062/273/18-6-1987 - ΦΕΚ 378/Β/27-7-1987“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-11. Посетено на 22 октомври 2014.
  4. 4,0 4,1 4,2 „18. Ιερός ναός Αγίου Αθανασίου Τούμπας“. Ανάδειξη των Μεταβυζαντινών Μνημείων στην Μητροπολιτική Περιφέρεια Γουμενίσσης- Αξιουπόλεως - Πολυκάστρου μέ κέντρο τό Δήμο Ευρωπού. Посетено на 23 јуни 2014.[мртва врска]
  5. Χατζούλη, Γλυκερία Μ. „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου στο Βαφειοχώρι“. Promo.cross. Архивирано од изворникот на 2014-12-05. Посетено на 23 јуни 2014.
  6. „Ταξιδεύοντας με τους ζωγράφους“ (PDF). Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Εφορεία Αρχαιοτήτων Κιλκίς. Посетено на 23 јуни 2018.