Трстика

село во Костурско, Егејска Македонија

Трстика (грчки: Ακόντιο, Акондио; до 1928 г. Τέρστικα, Терстика[1]) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција. Од него денес е останата само селската црква „Св. Костантин и Елена“.

Трстика
Ακόντιο
Трстика is located in Грција
Трстика
Трстика
Местоположба во областа
Трстика во рамките на Костур (општина)
Трстика
Местоположба на Трстика во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°29.30′N 21°2.41′E / 40.48833° СГШ; 21.04017° ИГД / 40.48833; 21.04017
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаКостур
Општ. единицаЧетирок
Надм. вис.&10000000000000890000000890 м
Население
 • Вкупноиселено (1.968)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓало 25 км западно од градот Костур, во Костурската Котлина, во северното подножје на планината Гал’мбица.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Според Георги Константинов Бистрицки Трстика пред Првата балканска војна имала 25 куќи на Македонци-муслимани.[2][3] Според Тодор Симовски, кој се повикува на Милоевиќ, овие жители прво биле целосно Македонци (под претпоставка, христијани), но подоцна го напуштиле местото во немирни времиња, за подоцна истото да биде населено од муслимани од македонско, албанско, грчко и турско потекло.[4]

Потпаѓање под Грција

уреди

По Првата балканска војна селото е припоено кон Грција. Во 1920 г. е заведено дека селото имало 144 жители.[4] По нивното принудно иселување, во 1924 г. во Трстика се доведени грчки доселеници од Турција, кои во 1928 г. биле 11 семејства со 40 лица.[5][6]

Во 1928 г. името на селото е сменето во Акондион, што значи „копје“.[7]

Во 1940 г. во Трстика се попишани 69 жители. Во следниот период, селото значајно настрадало за време на Грчката граѓанска војна. Две деца се испратени надвор од Грција како деца-бегалци.[8] Во 1951 г. населението се смалило на 55, а во 1961 г. се накачило на 77 жители.[4] Во 1968 г. селото е напуштено од последните жители, иако во пописот од 1971 г. Трстика сè уште се води со 59 жители.[4] Од сите негови градби, денес единствено постои црквата „Св. Константин и Елена“.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 69 55 77 59
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Селото било бедно во стопански поглед. Се одгледувале житото, леќата и тутунот, а сточарството било незначително застапено.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τέρστικα - Ακόντιον
  2. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 45.
  5. „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Akontio“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2019-11-04.
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  8. „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kolokinthou“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2019-11-04.