Трановалто
Трановалто (грчки: Τρανόβαλτο) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Серфиџе на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 614 жители (2021).
Трановалто Τρανόβαλτο | |
---|---|
Координати: 40°3′N 21°52′E / 40.050° СГШ; 21.867° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански |
Општина | Серфиџе |
Општ. единица | Камбуница |
Надм. вис. | 670 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 614 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа околу 25 км југозападно од општинскиот центар Серфиџе, во непосредна близина на Зиданскиот манастир, во северозападните падини на планината Камбуница и во западното подножје на планината Алонорахи, на надморска височина од 670 м.[2]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиНеговото население уште од порано има грчко потекло.[2] Денешното село е основано околу 1872 година. Порано, на неговата денешна месност постоели три помали населби.[3]
Во XIX век Трановалто било грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот санџак.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мегалос Валтос се води како чисто грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот санџак со 50 куќи.[4]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Трановалтон живееле 300 Грци христијани.[5] Според грчка атинска статистика од 1910 година во Трановалто живееле 300 Грци христијани.[6]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година тоа броело 326 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 338 лица.[2]
Во 1950-тите се доселени семејства од планинското село Падеж, поради што во пописот од 1951 г. броело 1.093 жители, а во 1961 г. 911 лица.[2]
Стопанство
уредиНаселението произведува пченка, жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.[2]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 499 | 1.093 | 911 | 871 | 883 | 861 | 853 | 790 | 614 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Општествени установи
уреди- Основно училиште
Самоуправа и политика
уредиВо 1918 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 86 квадратни километри.[2] Општината Трановалто била приклучена во општината Камбуница во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Серфиџе.
Селото припаѓа на општинската единица Камбуница со седиште во селото, која припаѓа на поголемата општина Серфиџе, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Трановалто, во кој влегуваат Лазарадес и Низиско.
Културни и природни знаменитости
уредиЦркви[7]
- Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква, изградена во 1953 г.
- Црква „Св. Петка“ — најстара црква во селото, изградена во 1726 г.
- Црква „Св. Никола“ — изградена во 1753 г.
- Црква „Пресвета Богородица“ — изградена во 1726 г.
- Црква „Св. Христофор“ — изградена во 1963 г.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 328.
- ↑ „ΓΥΜΝΑΣΙΟ ΤΡΑΝΟΒΑΛΤΟΥ – ΔΗΜΟΣ ΣΕΡΒΙΩΝ“ (грчки). 2023-12-17. Посетено на 2024-06-08.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 59.
- ↑ Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001, 48-49.
- ↑ Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Η Μακεδονία: εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι, 1910, σ. 107.
- ↑ „Τρανόβαλτο Κοζάνης“. Μικρόβαλτο Κοζάνης. Архивирано од изворникот на 2014-12-27. Посетено на 8 јуни 2024.