Лазарадес
Лазарадес (грчки: Λαζαράδες) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Серфиџе на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 94 жители (2011).
Лазарадес Λαζαράδες | |
---|---|
Координати: 40°1′N 21°51′E / 40.017° СГШ; 21.850° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански |
Општина | Серфиџе |
Општ. единица | Камбуница |
Надм. вис. | 635 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 94 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 6 км југозападно од селото Трановалто, во северозападните разгранки на планината Камбуница, на надморска височина од 635 м.[2] Сместено е на 46 км јужно од Кожани и околу 30 км југозападно од општинскиот центар Серфиџе.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиНеговото население уште од порано има грчко потекло.[2]
Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. го наведува Лазаропско (Lazaropsko) како грчко село.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лазарадис се води како чисто грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот санџак со 35 куќи.[4]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Лазарадес живееле 180 Грци христијани.[5] Според грчка атинска статистика од 1910 година во Лазарадес живееле 180 Грци христијани.[6]
Во Грција
уредиЗа време на Првата балканска војна, на 9 октомври 1912 г. настанува битка меѓу грчките единици и отоманската војска кај селото. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Лазарадес броело 129 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 143 лица.[2]
Во 1960-тите се доселени семејства од планинското село Падеж, поради што во пописот од 1961 г. броело 289 жители, а во 1971 г. 257 лица.[2]
Стопанство
уредиНаселението произведува жито, тутун, компири и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.[2]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 142 | 197 | 289 | 257 | 196 | 169 | 152 | 94 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Камбуница со седиште во селото Трановалто, која припаѓа на поголемата општина Серфиџе, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Трановалто, во кој влегуваат истоименото село и Низиско.
Културни и природни знаменитости
уредиЦркви
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — изградена во 1857 г.[7]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 318–319.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 278. ISBN 954430424X.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 59.
- ↑ Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001, 48-49.
- ↑ Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Η Μακεδονία: εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι, 1910, σ. 107.
- ↑ „Δυτική Μακεδονία“. Ελλάδος Περιήγηση. Посетено на 4 април 2024.