Низиско
Низиско (грчки: Φρούριο, Фрурио; до 1961 г. Παλιάλωνα, Палијалона[2]; до 1928 г. Νιζισκό, Низиско[3]) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Серфиџе на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 51 жител (2011).
Низиско Φρούριο | |
---|---|
Координати: 40°4′N 21°48′E / 40.067° СГШ; 21.800° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански |
Општина | Серфиџе |
Општ. единица | Камбуница |
Надм. вис. | 600 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 51 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото е сместено југозападно од Серфиџе и јужно од Кожани, на 2 км источно од десниот брег на Бистрица, во подножјето на планината Камбуница, на надморска височина од 600 м.[4]
Историја
уредиСреден век
уредиКај селото се наоѓаат остатоците на средновековниот град Соск.[5][6]
Во Отоманското Царство
уредиИако носи македонско (словенско) име, неговото население уште од порано има грчко потекло.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Низиско се води како чисто грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот санџак со 15 куќи.[7]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Изиско живееле 90 Грци христијани.[8]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Низиско броело 109 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 116 лица.[4]
Во 1928 година, името на селото било променето во Палијалона (Παλιάλωνα).[3] Во 1961 г. е одново преименувано, овојпат во Фрурио (Φρούριο).[2]
Стопанство
уредиНаселението произведува жито, компири и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.[4]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 189 | 210 | 264 | 216 | 127 | 96 | 79 | 51 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Камбуница со седиште во селото Трановалто, која припаѓа на поголемата општина Серфиџе, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Трановалто, во кој влегуваат истоименото село и Лазарадес.
Културни и природни знаменитости
уредиЦркви
- Црква „Св. Димитриј“ — изградена во XVII век, живописана во 1646-1647 г.[9]
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — изградена во 1738 г.[5]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 3 април 2024.
- ↑ 3,0 3,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 3 април 2024.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 322.
- ↑ 5,0 5,1 „Φρούριο Κοζάνης“ (грчки). Μικρόβαλτο Κοζάνης. Архивирано од изворникот на 2014-12-27. Посетено на 3 април 2024.
- ↑ „ΠΟΛΕΙΣ –ΚΑΣΤΡΑ ΤΗΣ ΠΕΡΙΟΧΗΣ ΤΗΣ ΚΟΖΑΝΗΣ“ (грчки). Μικρόβαλτο Κοζάνης. Архивирано од изворникот на 2014-12-27. Посетено на 3 април 2024.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 60.
- ↑ Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001, 48-49.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/26378/758/12-7-1996 - ΦΕΚ 756/Β/27-8-1996“ (грчки). Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-18. Посетено на 3 април 2024.