Јустиција
Јустиција (латински: Justitia) е римска божица на правдата. Нејзиниот лик често се користи како алегорија или олицетворение на моралните вредности во правниот систем.[1][2]
Таа најчесто е претставена со терезија во десната рака, каде на двата кантари ги мери добрите и лошите постапки на обвинетиот. На која страна ќе натежнат доказите, таква ќе биде пресудата. Во левата рака носи меч со две острици, што ги симболизираат разумот и правдата, т.е. фактот што тие две вистини не одат секогаш заедно. Очите ѝ се преврзани, што означува дека правдата е еднаква за сите и непристрасна. Од 16 век па наваму, вајарите сѐ повеќе го изоставуваат тој детаљ од визуелниот приказ.
Веќе е вообичаено пред судските згради или во судниците да стои статуа на божицата Јустиција.
Наводи
уреди- ↑ Hamilton, Marci. God vs. the Gavel[мртва врска], page 296 (Cambridge University Press 2005): “The symbol of the judicial system, seen in courtrooms throughout the United States, is blindfolded Lady Justice.”
- ↑ Fabri, Marco. The challenge of change for judicial systems, page 137 (IOS Press 2000): “the judicial system is intended to be apolitical, its symbol being that of a blindfolded Lady Justice holding balanced scales.”
Надворешни врски
уреди
|
- DOJ Seal - Историјат и лозунг
- Потеклото на Јустиција Архивирано на 20 декември 2011 г.
- Слики од божицата
- Фотографии од Јустиција