Сузана Турунџиева
Сузана Турунџиева (Битола, 9 март 1969) — македонска поп-пејачка, писателка и телевизиска водителка.
Сузана Турунџиева | |
---|---|
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | Сузе |
Роден(а) | 9 март 1969 Битола, Република Македонија |
Жанрови | Поп |
Занимања | Пејачка и ТВ водителка |
Инструменти | Гитара, Клавир, Вокал |
Период на активност | 1985 - сè уште |
Животопис
уредиСузана Турунџиева е родена во Битола, на 9 март 1969, како второ дете во семејство на просветни работници. Уште од шестгодишна возраст го изучува пијаното, а на дванаесет години сама, без знаење на своите родители, со своите заштедени пари си купува гитара, на која сама почнува да учи да свири. Во 1984 година се запишува во Средното музичко училиште во Битола, на отсекот по соло пеење во класата на професор Пеце Митревски. Во текот на четирите години освојува вредни награди на републичките и сојузните натпревари по соло пеење, како: прва награда на републичкиот натпревар по соло пеење во Скопје, во 1985 година, како и прва награда на сојузниот натпревар (на ниво на СФРЈ) во Белград по соло пеење, во текот на истата година.
Во 1987 година се запишува на ФМУ во Скопје, на отсекот по соло пеење во класата на професор Благоја Николовски. Во годините кои следат, Сузана Турунџиева повторно е добитник на вредни награди, и тоа: прва награда на Републичкиот натпревар по соло пеење во Скопје во 1988 година, и трета награда на Сојузниот натпревар (на ниво на СФРЈ) во Љубљана во истата година; прва награда на Републичкиот натпревар по соло пеење во Скопје во 1991 година, како и прва награда на Сојузниот натпревар (на ниво на СФРЈ) во Херцег Нови.
Во 1991 година, после дипломирањето на ФМУ, заминува во Австралија, на покана од КУД „Александро Турунџев“ од Мелбурн. Покрај неколкуте успешни концерти низ Викторија, во ноември истата година учествува и на еден натпревар за пеење - „Да пеам, да те натпеам“, каде ја освојува првата награда. По враќањето од Австралија, се запишува на постдипломски студии по соло пеење на ФМУ Скопје, и започнува да работи како професор по соло пеење и камерна музика во средното музичко училиште, Илија Николовски Луј. Во периодот кој следува, активно се занимава и со естрадно пеење, каде покрај класичната, мошне успешно се испробува и во поп, џез, блуз, кабаретската и евергрин музиката. Паралелно со професорската дејност, Сузана Турунџиева работи и како хонорарец во МРТВ, во Редакцијата за странска обработена програма. Од 1999 година, животот ја пренасочува во телевизиските води, и после поканата од А1 телевизија да работи на музички проект, насловен како „Мелодија“, таа останува во телевизискиот бизнис, сè до крајот, во јули 2011, кога телевизијата заминува во стечај.
Во своите зрели 40-ти години, отпочнува со писателска кариера, и во период од само 4 години објавува 10 книги кои се многу популарни помеѓу нејзината многубројна читателска публика.
Од ноември 2017 - март 2019 работи како Амбасадор за грижа со вип клиенти во „Божиновски часовници и накит“.
Од март 2019 година, редовно објавува колумни во дневниот весник „Вечер“ и работи како портпарол на првиот и најстар универзитет во Македонија - Европски универзитет.
Музичка и сценска дејност
уредиСузана Турунџиева има учествувано во мјузикли, ТВ драми и детски претстави. Меѓу другите нејзини настапи, се вбројуваат:
- 1988 Учество во мјузиклот „Ало будење“
- 1989 Учество во тв драмата „Мала ноќна музика“
- 1991 Учество во детската претстава „Чудовиштата од нашиот град“
- 1993 Водител на новогодишната шоу емисија на МРТВ „Оазата на Мира“
- 1997 Учество во претставата „Евангелие по сенките“ на битолскиот театар
Во 1999 Сузана го издава својот прв албум со евергрини, а промоцијата на албумот се одржа во текот на истата година. Вториот албум со македонски поп хитови, насловен „За тебе“, излегува во 2001 година, кога се одржува и промоцијата.
ТВ проекти
уредиВо најдобрите години на првата приватна независна телевизија А1, има работено на следните ТВ проекти:[1]
- „Дом и дизајн“ – во продукција на Бујото маркетинг
- „Недела во 11“ – забавна контакна емисија
- „Сузе“ – дневен магазин
- „Помеѓу вчера и утре“ – ноќна програма
- „Браво шоу“ – забавна програма
- „Македонски идол“
- Синхронизирање на детски цртани филмови со пеење.
Од 2012 година, работи на три телевизиски проекти во Наша ТВ: „Ѕвезди и приказни“ – ТВ магазин за деца и родители, и емисиите „Втора смена“ – контактна емисија од сервисен карактер и „Трета смена“ – вечерна тематска емисија.[2]
- Од декември 2018, па сè до јули 2019 автор и водител е на забавното неделно попладне на 1тв „Недела во 3“
Од 2022 година, работи во Телевизија Алфа, каде е водителка на две телевизиски емисии: "Добро утро, секое утро" и "Збор по збор".
Издавачка дејност
уреди- Во 2007 година излегува од печат нејзиниот прв автобиографски роман „Куфер со соништа“.
- Во декември 2014 година ја издава првата збирка со мисли и цитати „Моите зборови – мој живот“, а пет месеци подоцна излегува и второто продолжение од истоимената збирка.
- Во јуни 2015 година, излегува од печат нејзиниот втор роман „Животот не е бајка“ – посветен на нејзината мајка Блага.
- Во декември 2015, излегува од печат третиот дел од збирката „Моите зборови - мој живот“
- Во февруари 2016 излегува од печат 3тиот роман „5 минути„ - извонредна приказна која носи силна порака за добрината и простувањето.
- Во мај 2016, го промовира 4тиот роман - „Љубов и грев“ - кој претставува потресна приказна за една промискуитетна жена, која свесно одбрала да го носи крстот на својот животен пекол.
- Во август истата година, скршена од тага и болка, го издава најтажното четиво во нејзиното творештво, романот „Не вели збогум“, во кој се забележани најтажните и најсреќните моменти од нејзината љубовна врска со прерано починатиот партнер Марјан .
- Во октомври 2016 излегува од печат романот „Фејсбучарење“, во кој низ една суптилна љубовна приказна, се критикуваат сите корисници на соц.мрежи кои живеат паралелни (измислени) животи.
- Во март 2017та, го промовира прирачникот за среќа Среќометар - кој претставува прво книжевно дело во нејзиното творештво, кое спаѓа во жанрот мотивациска литература.[3]
- Во октомври 2018та го промовира романот Реставратор, во чија содржина загонетнува едни многу интересни теми за тоа како моќта на љубовта делува дури и од „оној“ свет.
- Само еден месец подоцна ја промовира збирка со мудрости на нејзината помала ќерка Матеа „Мудрологија“ која е многу мала по страници, но многу голема по вредност и порака, која силно одекнува кај сите свесни, одговорни и разбудени луќе. Особено кај сите кои веќе се, или треба да станат родители.
Награди и признанија
уредиВо текот на својата досегашна кариера, Сузана Турунџиева има освоено бројни награди. Меѓу нив се:
- 2000 – Награда за најдобар сценски настап на Макфест
- 2000 – Награда за најдобра вокална интерпретација на Макфест
- 2001 - Гран при на фестивалот „Серенада на Широк сокак“
- 2003 - Награда за најдобар аранжман на Макфест
- 2004 – Награда за најуспешно ТВ лице на читателите на „Вечер“
- 2006 - Награда за најуспешно ТВ лице на манифестацијата „13ка за најуспешните“
- 2013 – Прва награда за романот „Куфер со соништа“ од манифестацијата Вознес 2013
- 2014 - Избрана за „Нај-Битолчанка“ на годината на манифестацијата Вознес 2014
- 2014 – Прва награда за збирката „Моите зборови – мој живот“ на манифестациоја Вознес 2015
- 2015 - Прва награда за расказот „Приказна за безвременската дама Носталгија“ на конкурсот „Го љубам животот“
- 2015 - Награда за докажан македонски уметник од Фондацијата Гордана Петров
- 2015 – Гран при за романот „Животот не е бајка“ на конкурсот „Уште еден помина ден“
- 2015 – Избрана за личност на годината од Фондација Такец
- 2015 - Нејзиниот целовечерен концерт „Вечер на безвременски песни“ во август 2015 е прогласен за концерт на годината во Битола и Битолскиот регион.
- 2016 - Нејзината тв емисија „Трета смена“ е прогласена за Најдобра во македон. медиумски етер на манифестацијата „Митровденски Битолски медаљони“
- 2016 - Романот „Љубов и грев“ - добитник на Гран при на литературник конкурс „Вознес 2016“
- 2016 - Петтиот нејзин роман „Не вели збогум“ - прогласен за најпотресно и најемотивно книжевно дело на литературниот конкурс „Го љубам животот“ 2016
- 2016 - Нејзиниот роман „Фејсбучарење“ - прогласен за најтинејџерски роман на литературниот конкурс на Фондацијата Такец
Надворешни врски
уреди- Музички спот за песната „Ден за нас“
- Настап на Макфест 2000 со песната „Заведи ме“
- Настап на Макфест 2001
- Настап на Скопје 1994
- Интервју за Утрински весник Архивирано на 8 јули 2015 г.
- За настапот на Бит Фест 2015 во Битола[мртва врска]
- „Време за разделба“, на музика од Дуке Бојаџиев
Наводи
уреди- ↑ http://vecer.mk/zabavna/sekoja-sabota-so-suzana-turundzhieva[мртва врска]
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-11-24.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-04-19. Посетено на 2015-11-24.