Стефан Хајдин (Глина, 15 април 1994) е српски фудбалер кој моментално настапува за екипата на Вождовац.

Стефан Хајдин во дресот на Црвена ѕвезда (со бр.34) во 2018 година

Кариера

уреди

Почетоци

уреди

Првите фудбалски чекори Хајдин ги направил во тимот на Јединство од Вршац, каде што тренирал како младо момче.[1] Потоа во 2003 година тој се приклучил на помладата категорија на играчи на составот Црвена ѕвезда, предводена од директорот Томислав Милиќевиќ.Таму останал во наредните пет години, до својата 14-та година.[2] Откако преминал во екипата на Земун, каде што и ја завршил својата младинска кариера и одиграл неколку натпревари за првиот тим во српската лига Белград. Подоцна настапувал за составот на БАСК Дунав од Стари Бановци и екипата на Раднички од Нова Пазова каде останал три полни сезони.[3] Во летото 2016 бил член на екипа составена од играчи од фудбалски клубови од Војводина, кои учествувале во Купот на УЕФА регионалниот куп, како претставник на Фудбалскиот сојуз на Србија.[4]

Спартак Суботица

уреди

Во летото 2017 година Хајдин со помош на агентот Раша Бебиќ бил поврзан со Спартак од Суботица.[5] По успешниот пробен период за време на летните подготовки, Хајдин потпишал четиригодишен професионален договор во месец јули.[6] Својот прв натпревар го имал на натпреварот на отворањето на сезоната 2017/18 во српската Супер лига, против составот на Бачка од Бачка Паланка. Тоа било на 22 јули 2017 година.[7] Во текот на есенскиот дел од сезоната, Хајдин одиграл вкупно 23 официјални натпревари, почнувајќи од самиот почеток.[8] Притоа постигнал два гола и тоа во натпреварите против екипата на Земун во 11то коло,[9] и составот во 22то коло со составот на Војводина од српското првенство.[10]

Црвена ѕвезда

уреди

Медиумите во Србија на почетокот на 2018 година ги објавиле преговорите помеѓу екипите на Црвена ѕвезда и Спартак по повод трансферот на Хајдин во белградскиот тим, што резултирало со негов потпис на договорот. Стефан Хајдин, официјално бил промовиран во клупските простории на 13 јануари 2018 година од спортскиот директор на клубот Митар Мркела и по тој повод избрал да го носи бројот 34 на својот дрес.[2] Вредноста на договорот се проценувал на 200.000 евра, како и 20 прценти за неговиот поранешен клуб при наредната продажба.[11] Хајдин својот прв настап за составот на Црвена ѕвезда го имал на 14 март 2018 година на Купот на Србија во натпреварот против составот на Мачва.[12] Подоцна, тој го имал и првиот натпревар за составот на Црвена ѕвезда и во лигашка конкуренција. Хајдин влегол во игра во 52 минута на местото на соиграчот Милан Родиќ на натпреварот против сотавот на Војводина.[13] Со екипата на Црвена ѕвезда, Хајдин ја освоил титулата српски фудбалски шампион за сезоната 2017/18.[14] По пауза на крајот на сезоната, Хајдин ги поминал тестовите и присуствувал на првиот тренинг на тимот одржан на 11 јуни 2018 година.[15][16] Подоцна ги направил комплетните подготовки со тимот на Златибор, но и во австрискиот град Виндшгарстен.[17][18] Во подготвителниот период најчесто играл како лев бек, а на натпреварот против составот Бохимијан му асистирал на соиграчот Милан Павков со чиј гол победил составот на Црвена ѕвезда.[19] По враќањето во Србија, Хајдин отсуствувал од списокот на лиценцирани играчи за квалификациите за Лигата на шампионите во сезоната 2018/19.[20] Набргу потоа, во медиумите било објавено дека Хајдин го напушта тимот на Црвена ѕвезда.[21][22] На почетокот на домашното првенство, Стефан Хајдин добил лиценца да се натпреварува во Супер лигата.[23] Тој се нашол во стартниот состав на екипата на Црвена ѕвезда, за прв пат во домашното првенство и тоа во третото коло од сезоната 2018/19, кога ги одиграл сите 90 минути на гостувањето кај клубот на Вождовац.[24] Хајдин, исто така, ги одиграл сите 90 минути во натпреварот од наредното коло против неговиот поранешен клуб, Спартак од Суботица. Црвена ѕвезда победила со резултатот од 3:0, а Хајдин ја испратил топката директно од аут до Милан Павков за постигнување на вториот гол.[25] На натпреварот против составот на Младост од Лучани на 29 септември 2018 година, Хајдин изнудил пенал, кој подоцна го реализирал соиграчот Џонатан Кафу. Црвена ѕвезда го добила тој натпревар со резултат од 2ː1.[26]

Вождовац

уреди

Во јули 2019 година, екипата на Црвена ѕвезда го испратила Хајдин во сотавот на Вождовац како позајмен играч.[27]

По истекот на договорот на крајот од календарската 2020 година со екипата на Црвена ѕвезда, Хајдин кон средината на месец јануари следната година потпишал двегодишен договор со клубот на Вождовац.[28]

Начин на игра

уреди

Стефан Хајдин бил висок 189 сантиметри, и најчесто настапувал како лев бек.[29] Тој двете нозе ги користел подеднакво добро,[30] што му овозможувало да влезе во средината од теренот и да се вклучи на крајот од акцијата.[5] Има добри одлики на офанзивен дефанзивец, а во помладите години често играл во средниот ред.[31] Во текот на својата кариера постигнувал голови од голема далечина.[9] Како тренер на Црвена ѕвезда, Владан Милојевиќ го искористил Хајдин како играч покрај десната аут линија.[32]

Статистика

уреди

Клупска статистика

уреди
Обновено на 26 декември 2021.[33]
Клупска статистика
Клуб Сезона Лигашки натпревари Национален куп Европски натпревари Други натпревари Вкупно
Лига Натпревари Голови Натпревари Головови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Земун 2011/12.[3] Српска лига на Белград 4 0 4 0
2012/13.[3] 0 0 0 0
2013/14.[3] 0 0 0 0
Вкупно 4 0 4 0
БАСК 2012/13.[3] Српска лига на Белград 5 0 5 0
Дунав од Стари Бановци 2013/14.[3] Српска лига на Војводина 8 1 8 1
Раднички од Нова Пазова 2014/15.[3] Српска лига на Војводина 28 2 28 2
2015/16.[3] 21 3 21 3
2016/17.[3] 23 1 23 1
Вкупно 72 6 72 6
Спартак од Суботица 2017/18.[34] Српска Суперлига 22 2 1 0 23 2
Црвена ѕвезда 2017/18.[35] Српска Суперлига 1 0 1 0 0 0 2 0
2018/19.[36] 6 0 2 0 8 0
2019/20.
2020/21.[37] 0 0 0 0 0 0
Вкупно 7 0 3 0 0 0 10 0
Вождовац (како позајмен играч) 2019/20.[38] Српска Суперлига 26 2 1 0 27 2
Вождовац 2020/21.[39] 17 1 0 0 17 1
2021/22.[40] 20 2 1 0 21 2
Вкупно 63 5 2 0 0 0 65 5
Вкупно во кариерата 181 14 6 0 0 0 187 14

Приватен живот

уреди

Иако по потекло бил од Војниќ, за време на постоењето на Република Српска Краина, болницата во Глина била единствената што вршела породувања за време на војната во Хрватска, па според околностите Хајдин е роден во тоа место.[29] По пристигнувањето во Србија, во детството Хајдин живеел во градот Вршац, а подоцна во Земун.[5] Студирал на Факултетот за спорт и физичка култура на Универзитетот во Белград.[41] Во слободното време Хајдин сакал да чита светски класици, а ги одделил писателите како Орхан Памук и Пауло Коелјо.[32]

Трофеи, награди

уреди
Црвена ѕвезда

Наводи

уреди
  1. „Симовић потврдио: Стефан Хајдин прелази у Звезду“. Спортски журнал. 11 јануари 2018. Посетено на 15 јануари 2018.
  2. 2,0 2,1 „Представљен и Хајдин“. ФК Црвена звезда, званична презентација. 13 јануари 2018. Посетено на 15 јануари 2018.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 „Хајдин, Стефан“. srbijafudbal.com. Архивирано од изворникот на 8 јануари 2018. Посетено на 15 јануари 2018.
  4. Поповић, М (16 септември 2016). „Достојно представити српски фудбал“. Дневник холдинг. Посетено на 15 јануари 2018.
  5. 5,0 5,1 5,2 „SOS kanal - Stefan Hajdin intervju“. Јутјуб. 7 ноември 2017. Посетено на 15 јануари 2018.
  6. „Spartak otvara sezonu protiv Bačke iz Bačke Palanke“. tvsubotica.com. 21 јули 2017. Посетено на 15 јануари 2018.
  7. „Pobeda na startu prvenstva“. ФК Спартак Суботица, званична презентација. 22 јули 2017. Архивирано од изворникот на 2022-05-23. Посетено на 15 јануари 2018.
  8. „Веселиновић препородио суботички Спартак“. Радио-телевизија Војводине. 14 декември 2017. Посетено на 15 јануари 2018.
  9. 9,0 9,1 „Реми Земуна и Спартака“. Спортски журнал. 24 септември 2017. Посетено на 15 јануари 2018.
  10. „Спартак и Војводина ремизирали 1:1“. Дневник холдинг. 13 декември 2017. Посетено на 15 јануари 2018.
  11. Stevanović, J. (12 јануари 2018). „HAJDIN U ZVEZDI! Levom beku ugovor na tri i po godine, Spartaku 200.000 evra!“. Информер. Посетено на 15 јануари 2018.
  12. „Мачва - Црвена звезда 0:0 (5:4, пенали)“. ФК Црвена звезда, званична презентација. 14 март 2018. Посетено на 15 март 2018.
  13. „Војводина - Црвена звезда 1:2“. Дневник холдинг. 13 мај 2018. Посетено на 7 јули 2018.
  14. 14,0 14,1 „Ceremonija dodele 29. Zvezdine titule“. Јутјуб. 19 мај 2018. Посетено на 3 јуни 2018.
  15. „Звезда ТВ — Шампиони су кренули“. ФК Црвена звезда, званична презентација. 11 јуни 2018. Посетено на 7 јули 2018.
  16. „Владан Милојевић извршио прозивку“. ФК Црвена звезда, званична презентација. 11 јуни 2018. Посетено на 7 јули 2018.
  17. „Фудбалери отпутовали на Златибор“. ФК Црвена звезда, званична презентација. 14 јуни 2018. Посетено на 7 јули 2018.
  18. „Фудбалери отпутовали у Аустрију“. ФК Црвена звезда, званична презентација. 23 јуни 2018. Посетено на 7 јули 2018.
  19. „Звезда промашивала, али голом Павкова у 90. минуту славила против Бохемианса“. Спортски журнал. 2 јули 2018. Посетено на 7 јули 2018.
  20. „Zvezdina formula za kvalifikacije 23+5: Nema Degeneka, Ilića i Hajdina“. mozzartsport.com. 7 јули 2018. Посетено на 7 јули 2018.
  21. „HOTSPORT SAZNAJE: Defanzivac napušta Marakanu, a možda sa sobom vodi i igrača sa Mondijala“. hotsport.rs. 7 јули 2018. Архивирано од изворникот на 2022-01-25. Посетено на 8 јули 2018.
  22. „Звезда га платила 200.000 евра, он одлази после само једног меча у црвено-белом!“. Спортски журнал. 8 јули 2018. Посетено на 8 јули 2018.
  23. „Hajdin, Stefan - sezona 2018/19“. Суперлига Србије у фудбалу, званична презентација. Архивирано од изворникот на 2022-01-25. Посетено на 23 јули 2018.
  24. „Вождовац – Црвена звезда 1:2 (0:2)“. ФК Вождовац, званична презентација. 4 август 2018. Архивирано од изворникот на 2022-01-25. Посетено на 5 август 2018.
  25. Nedeljković, Darjan (12 август 2018). „Pavkov prošao audiciju za Trnavu: Zvezda je i dalje na sto posto (VIDEO)“. mozzartsport.com. Посетено на 12 август 2018.
  26. Ћоровић, З. (29 септември 2018). „ПОБЕДА ЗВЕЗДЕ ПРЕД ПУТ У ПАРИЗ: Јовичићев „пројектил" за три бода“. Вечерње новости. Посетено на 30 септември 2018.
  27. „Хајдин по преласку из Звезде у Вождовац: Волим да за сараднике имам добре људе и да будем део здраве и поштене приче“. Спортски журнал. 25 јули 2019. Посетено на 25 јули 2019.
  28. „Хајдин и Пуртић се вратили кући!“. 16 јануари 2021. Посетено на 17 јануари 2021.[мртва врска]
  29. 29,0 29,1 „Hajdin, Stefan“. Јутјуб (англиски). 20 јули 2015. Посетено на 15 јануари 2018.
  30. „Upoznajte Stefana Hajdina“. Јутјуб. 13 јануари 2018. Посетено на 15 јануари 2018.
  31. „Hajdin, Stefan“. Јутјуб (англиски). 29 јуни 2011. Посетено на 15 јануари 2018.
  32. 32,0 32,1 Nedeljković, Darjan (30 јануари 2018). „Upoznajte Zvezdino pojačanje: Čita Nobelovca, čeka aprilski ispitni rok i zna da će biti trener! (VIDEO)“. mozzartsport.com. Архивирано од изворникот на 31. 01. 2018. Посетено на 30 јануари 2018. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
  33. „Stefan Hajdin“. macsonuclarim.com (турски). Архивирано од изворникот на 2021-12-26. Посетено на 26 декември 2021.
  34. „Hajdin, Stefan — sezona 2017/18“. Суперлига Србије у фудбалу, званична презентација. Архивирано од изворникот на 2022-01-25. Посетено на 17 јануари 2021.
  35. „Hajdin, Stefan — sezona 2017/18“. Суперлига Србије у фудбалу, званична презентација. Архивирано од изворникот на 2022-01-25. Посетено на 17 јануари 2021.
  36. „Hajdin, Stefan — sezona 2018/19“. Суперлига Србије у фудбалу, званична презентација. Архивирано од изворникот на 2022-01-25. Посетено на 17 јануари 2021.
  37. „Hajdin, Stefan — sezona 2020/21“. Суперлига Србије у фудбалу, званична презентација. Архивирано од изворникот на 2022-01-25. Посетено на 17 јануари 2021.
  38. „Hajdin, Stefan — sezona 2019/20“. Суперлига Србије у фудбалу, званична презентација. Архивирано од изворникот на 2022-01-25. Посетено на 17 јануари 2021.
  39. „Hajdin, Stefan — sezona 2020/21“. Суперлига Србије у фудбалу, званична презентација. Архивирано од изворникот на 2021-12-26. Посетено на 26 декември 2021.
  40. „Hajdin, Stefan — sezona 2021/22“. Суперлига Србије у фудбалу, званична презентација. Архивирано од изворникот на 2021-12-26. Посетено на 26 декември 2021.
  41. Tadić, Marija (19 април 2015). „DIF-ovcima zlatne medalje na Beogradskom maratonu“. sportindeks.rs. Архивирано од изворникот на 2022-01-25. Посетено на 15 јануари 2018.
  42. „Шампиони!“. ФК Црвена звезда, званична презентација. 5 мај 2019. Посетено на 17 јануари 2021.

 Надворешни врски

уреди