Список на светско наследство во Македонија
Заклучно со 2021 година, во Македонија има две места на светско наследство кое е впишано во списокот на УНЕСКО — Охридскиот регион, поречието на Длабока Река, и уште четири на опитниот список. Природното и културното наследство на Охридскиот регион е прогласено за светско наследство на третата седница на УНЕСКО во 1979 година. Во 2019 година, ова подрачје е проширено за да го вклучи и албанскиот дел од езерото, и со тоа стана меѓудржавно светско наследство. Поречието на Длабока Река во мавровско е прогласено во јули 2021 г.[1]
Список
уредиМесто | Слика | Општина | Прогласено | Назнака и критериуми | Опис |
---|---|---|---|---|---|
Природно и културно наследство на Охридскиот регион* | Охрид | 1979 | i, iii, iv, vii (мешано) | Охрид е една од најстарите човечки населби во Европа со археолошки остатоци од бронзеното време до средновековната ера. Градот е видно сведоштво за византиската уметност и архитектура, такви се црквите Свети Јован Канео и Света Софија. Охрид го има најстариот словенски манастир и првиот словенски универзитет на Балканот. Охридското Езеро датира од предледничката ера и обезбедува уникатно прибежиште за бројни ендемски и реликтни слатководни видови флора и фауна. Подрачјето е проширено во 1980 г. а во 2009 г. се направени мали измени на неговите граници. Во 2019 г. е направено проширување со кое е опфатен албанскиот дел на езерото.[2] | |
Букови шуми во течението на Длабока Река (Букови прашуми во Карпатите и други региони на Европа*) |
Маврово и Ростуше | 2021 | ix (природно) | Буковите шуми по течението на Длабока Река се признаени како дел од проширувањето на повеќеделното меѓународно подрачје на Букови прашуми во Карпатите и други региони на Европа во уште десет европски земји поради нивната исклучителна сеопшта вредност и запазеноста. Денес тука спаѓаат 94 составни делови во 18 земји. Дополнетиот дел се однесува на релативно недопрените и сложени умерени шуми кои покажуват широк опсег на сеопфатни еколошки движења и процеси на чиста и мешана европска бука во разновидни околински услови.[3] |
Опитен список
уредиПокрај местата кои што се впишани на списокот на светското наследство, земјите-членки водат итн. опитен список (на англиски: tentative list) којшто ги вклучува местата кои може да се земат предвид за номинација. Согласно правилата, некое место пред да се најде на списокот на светско наследство мора прво да е вклучено во опитниот список.[4] Согласно 2021 година, Македонија има регистрирано четири места во овој список:[5]
Место | Слика | Општина | Заведено | Критериуми | Опис |
---|---|---|---|---|---|
Пештера Слатински Извор | Македонски Брод | 2004 | vii, viii, ix (природно) | Најдолгиот истражен пештерски систем во Македонија. Пештерите се сместени над Слатинска Река, близу поречкото село Слатина и веројатно настанале за времето на последното ледено време. Се среќаваат неколку пештерски образби.[6] | |
Маркови Кули | Прилеп | 2004 | vii, viii, ix (природно) | Геолошка образба сочинета од магматски и метаморфни карпи. Заради поставеноста на самиот терен и поволната географска положба, ова место е постојано населено барем од бронзеното време.[7] | |
Археоастрономско наоѓалиште Кокино | Старо Нагоричане | 2009 | i, ii, iii (културно) | Мегалитна астрономска опсерваторија од бронзеното време на возвишението Татиќев Камен. Изрежаните белези во каменот ги означуваат местата каде сонцето изгрева за време на летниот и зимскиот сонцестој, како и пролетната и есенската рамноденица. Други белези го означуваат изгревот на полната месечина на источниот хоризонт, при нејзината најголема и најмала деклинација зиме и лете. Местото е прописно откриено во 2001 г.[8] | |
Црква „Св. Ѓорѓи“ - Курбиново | Ресен | 2020 | i, ii, iii (културно) | Православен манастир од XII век во Преспанската област, познат по ретките и скапоцени фрески од периодот на Македонската ренесанса. „Св. Ѓорѓи“ е најголемата црква без бочен брод во земјата.[9] |
Наводи
уреди- ↑ „УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско природно богатство“. Република. 29 јули 2021. Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 30 јули 2021.
- ↑ „Natural and Cultural Heritage of the Ohrid region“. UNESCO World Heritage Centre. Архивирано од изворникот 17 December 2017. Посетено на 24 August 2018.
- ↑ „Ancient and Primeval Beech Forests of the Carpathians and Other Regions of Europe“. UNESCO World Heritage Centre. Посетено на 29 July 2021.
- ↑ „UNESCO World Heritage Centre Tentative Lists“. UNESCO World Heritage Centre. Архивирано од изворникот 20 јули 2017. Посетено на 26 јули 2020.
- ↑ „UNESCO World Heritage Centre Tentative Lists: Macedonia“. UNESCO World Heritage Centre. Архивирано од изворникот 1 јули 2012. Посетено на 6 јули 2019.
- ↑ „Cave Slatinski Izvor“. UNESCO World Heritage Centre. Архивирано од изворникот 24 август 2018. Посетено на 24 август 2018.
- ↑ „Markovi Kuli“. UNESCO World Heritage Centre. Архивирано од изворникот 25 август 2018. Посетено на 24 август 2018.
- ↑ „Archaeo-astronomical Site Kokino“. UNESCO World Heritage Centre. Архивирано од изворникот 22 ноември 2012. Посетено на 24 август 2018.
- ↑ „Church St. George (Sv Gjorgji) Kurbinovo“. UNESCO World Heritage Centre. Посетено на 16 април 2020.